Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
И покрај тоа што поголемиот број матични клетки, добиени од крвта на папочната врвца, се хематопоетски (крвотворни/клетки од кои се создаваат сите клеточни лози присутни во крвта) матични клетки, крвта од папочната врвца исто така содржи рани мезенхимални (клетки од кои се создаваат различни ткива и органи) и други незрели клетки во слични количини.
Токму ѕидот на папочната врвца (поточно Вартоновата слуз) претставува дополнителен, богат извор на мезенхимални матични клетки.
Зошто матичните клетки од папочната врвца се посебно важни?
Матичните клетки од папочната врвца имаат важни предности, кои се губат или редуцираат кај матични клетки на возрасен човек.
Тие се млади - не се погодени во поголема мерка со процесот на стареење, се делат побрзо и се со поголем потенцијал во споредба со возрасните матични клетки.
Тие се посвежи - заштитени во мајчината матка од многу вируси и инфекции од надворешната средина, постои помала можност да бидат контаминирани или афектирани од заболувања
Тие се понезрели - како такви, можноста да предзвикаат компликации при алогени третмани (третмани при кои се користи туѓ, генетски неидентичен материјал) е помала во однос на матични клетки од возрасен човек. Ова се должи на фактот, дека тие сеуште не развиле одредени карактеристики, кои би биле препознаени од страна на имуниот систем на домаќинот.
Заради овие уникатни особини, матичните клетки од папочна врвца денес успешно се користат за третман на голем број сериозни заболувања.
Лекарите кои се занимаваат со трансплантација претпочитаат компатибилни (соодветни) матични клетки, бидејќи тие предизвикуваат помалку проблеми како што е на пример Graft vs. Host Sy (болест на отфрлање на трансплантатот од страна на домаќинот) што е често фатална компликација на трансплантацијата.
За разлика од употребата на ембрионалните матични клетки, при што неизбежно се жртвува ембрионот, употребата на матичните клетки од папочната врвца не покренува важни етички и морални дилеми.
На крај, тие се добиваат преку една едноставна и безболна постапка, која не претставува ризик ниту по мајката, ниту по новороденчето.
Кое е значењето на мезенхималните матични клетки од ѕидот на папочната врвца?
Мезенхмалните матични клетки се плурипотенти клетки, што значи дека имаат голем потенцијал за диференцијација. Така, од нив можат да настанат клетки на масно ткиво, срцев мускул, тетиви, лигаменти, мускули, клетки на ’рскавица, коска и нервно ткиво. Со тоа, тие претставуваат надополнување на хематопоетските матични клетки. Во ѕидот на папочната врвца нив ги има во многу поголем број и оттаму можат многу полесно да се изолираат, во споредба со крвта од папочната врвца.
Истражувањата од оваа област недвосмислено укажуваат на потенцијалот на папочната врвца, во регенерација и на внатрешните органи, благодарение на истовременото присуство и на мезенхималните и други популации на матични клетки.
Листата на потенцијални клинички апликации на мезенхималните матични клетки е долга и постојано се надополнува.
Најширокиот спектар на индикации лежи во областа на регенеративната медицина и ткивниот инженеринг.
Мезенхималните матични клетки можат да се употребат во повеќе наврати, бидејќи тие се добиваат во многу поголем број од ѕидот на папочната врвца. Тие можат да бидат употребени заедно со хематопоетските матични клетки, со цел да се зголеми клиничката ефикасност на третманот. Дополнително на нивната регенеративна моќ, мезенхималните клетки имаат способност да го модулираат имуниот систем на домаќинот. Сеуште не постојат стандардни клинички тераписки протоколи за употреба на мезенхимални матични клетки, но истражувањата во тек ветуваат многу.
Матичните клетки денес се применуваат во развивање на третмани за сериозни, животозагрозувачки заболувања кај човекот.
Заради сите можни придобивки, во последните неколку денеции, во светот стана вообичаено да се зачува папочната врвца на самото раѓање. Со криопрезервација на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца во Cryo-Save, најголемата европска семејна банка за матични клетки, истите се достапни на семејството за третман во било кој момент.
За повеќе информации за можноста за зачувување на матични клетки од папочна врвца со Cryo-Save т.е. ексклузивниот застапник во Македонија - Би-Мек, посетете ја веб страницата www.cryo-save.com
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Правилна исхрана на мали деца во лето
Малите деца, особено во лето се повеќе изложени на ризик од болести ко...
Бременост.
пеперутка16
Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?