namesp во 10:12
Трикови на свеж здив
Редакција Рингераја, 18.8.2014
Во тие моменти имаме потреба од помошници кои ги елиминираат бактериите причинители на проблемот.
Споделуваме неколку трикови за свеж здив.
Цимет
Циметот докажано може да ги елиминира бактериите причинители на лошиот здив. За да се чувствувате секогаш удобно и да го освежите здивот направете си пијалок од вода со малку лимон и цимет. Цимет додавајте секогаш и во кафето и чајот.
Магдонос (или босилок и нане)
Свежо зелените ливчиња на магдоносот се еден од најдобрите природни методи за освежување на здивот. За да го отстраните лошиот мирис џвакајте после јадење неколку листови. Може да си направите и напивка од магдонос, со која секојдневно, неколку пати ќе ја исплакнете устата.
Сода бикарбона
Сода бикарбона е одличен домашен лек за лошиот здив, бидејќи ја одржува pH рамнотежата на устата и не им дозволува на бактериите да се акумулираат во усната празнина. Таа помага за отстранување на забен камен и дамки на забите.
Но не треба да ја користите премногу често. Во случаите кога страдате од лош здив, ставете мало количество од неа во чаша со вода и исплакнете ја неколку пати устата.
Полнозрнеста храна
Исклучувањето на корисните јаглехидрати од вашето секојдневно мени не се препорачува, особено ако сакате да го задржите здивот свеж. Нискојаглехидратна диети доведува до телесно ослободување на кетони - хемикалии кои се емитуваат со потта, урината и преку здивот.
Затоа консумирајте секојдневно во умерени количини интегрални житарици.
Вода
Правилната хидратација може да биде една од најдобрите формули за отстранувањето на лошиот здив. Водата ја навлажнува усната шуплина и грлото и на тој начин ги мие остатоците од храна кои имаат предиспозиции за гниење и формирање на бактерии кои се причинители на лошиот здив.
Јаболка
Крцкави и богати со растителни влакна, јаболката помагаат за лачење на повеќе плунка. Според научниците, плунката е богата со кислород, кој е природен непријател на материите со интензивен мирис, кои ги предизвикуваат бактериите во устата.
Јаболката помагаат и за отстранување на забен камен, кој исто така е извор на непријатни мириси.
Храна богата со витамин C
Витаминот Ц има многу здравствени придобивки и успешно го запира развојот на бактериите во усната шуплина кои предизвикуваат лош здив. Најбрзиот и лесен начин да се освежи здивот е, да си подготвите чаша свежа вода во која се стиснете неколку капки лимон или портокал.
Ако сакате пијалокот да стане уште посвеж, направете си сок од киви, портокал, јагоди и разредете го со малку вода.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
»Рингераја семејството е и нивно семејство – растеме заедно со децата без родителска грижа! «ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – училиш...

Фотографии од бебиња и мали деца по социјални мрежи?!За или против?!

Секој родител сака да го направи животот на своето дете што полесен. Но, она што ќе му го олесните денес, ќе направите д...

Ако сте средно дете или имате брат или сестра што е средно дете,или пак сте родители на три или повеќе деца, сигурно ќе ...
