Пред да помислите дека станува збор за некакво сериозно научно истражување, веднаш да ви напоменеме дека не е така. Напротив. Во прашање е духовита листа од една мајка, која направи разлика помеѓу однесувањето на двегодишните и тригодишните деца
1. На две години едвај говорат. На три години не престануваат да зборуваат.

2. На две години плачат. На три години имаат епски изливи на бес, до таа мера, што некогаш сте уверени дека ги „опседнале демони“.

3. На две години јадат се што ќе ставите пред нив. На три години, пак, јадат само три намирници, обично тие што вие не ги сакате.

4. На две години капењето трае десетина минути и резултатот е чисто дете. На три години капењето трае околу еден час, а резултатот е мокра бања, мокри родители и 16 искористени пешкири.

5. На две години носат пелени кои се менуваат под ваше будно око. На три години се научени на нокшир, па светот им се врти околу мочкањето и какањето.

6. На две години вниманието им го привлекува чоколада во продавницата. На три години имаат цел список со предмети кои сакаат да им ги купите.

7. На две години ви допуштаат вам да ги облечете и изгледаат преслатко и невино. На три години инсистираат сами да си одберат облека и да изгледаат како излезени од цртаните филмови.

8. На две години не сакаат да се извалкаат. На три години едвај чекаат да се шлапнат во кал.

9. На две години ви дозволуваат да ги правите нештата наместо нив, заштедувајќи многу повеќе време. На три години сакаат апсолутно се да направат сами, поради што се трае засекогаш.

10. На две години манипулацијата им е последна работа на памет. На три години ве поседуваат – и свесни се мошне добро за тоа.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Слични содржини, кои ги читаат другите корисници
Како да препознаете дијабетес кај децата?
Дијабетесот е наследна болест. Исто така, и некои вируси може да го предизвикаат или да бидат фактори на ризик за појава...
4
Сува и иритирана слузница кај очи
Сува и иритирана слузница на очите е чест проблем што може да го намали комфорот во секојдневниот живот.
3
Децата на извонредните родители се депреси...
Секоја година ми доаѓаат родители и ми се жалат - Зошто моето дете не сака да ме слуша, зошто не прифаќа не како одговор...
3
"Изрази се"- Недела на ментално зд...
Неделата за ментално здравје на децата се обележува од 1-ви до 7-ми февруари, 2021 година. Оваа година темата е "Изрази...
3