namesp во 10:11
Трансплантација на матични клетки уште во матката на мајката
Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010Д-р Џоана Курцберг од универзитетот „Duke“ во Дурхам, САД, би сакала до 2014 год. на овој начин да третира 12 пациенти во рамките на една студија.
Од досегашните студии е познато дека трансплантацијата на матични клетки од папочна врвца кај генетски условените метаболни болести, покажува дотолку подобри резултати, доколку порано се изведе. Третманот на бебињата пред нивното раѓање би водел кон продлабочување на досегашните знаења и ќе биде прв ваков третман во светот.
Во студијата можат да се вклучат идните мајки, чии деца покажуваат знаци за висок ризик од генетски предодредена метаболна болест, како Крабе-овата болест или Тај-Сакс-овиот синдром. Ако на почетокот од бременоста биде дијагностициран таков генетски дефект, во 12-14 недела од бременоста на бебето ќе му биде инјектирана донирана крв од папочна врвца директно во стомачната празнина. До раѓањето клетките имаат време „да пораснат“. Доколку по раѓањето се утврди дека донираните клетки повеќе не се присутни или дека присутните донирани клетки не успеале да го „поправат дефектот“, ќе биде спроведена конвенционална терапија во првите недели по раѓањето.
„Идејата е на детето да му се дадат матични клетки од здрав донор, кои имаат потенцијал да ги заменат оштетените гени со здрави“, вели Курзберг, пионер во областа на терапија со матични клетки кај деца.
Познати се околу 45 генетски условени метаболни болести, уште попознати како лизозомални болести. За сите е заедничко нарушена активност на одреден ензим, така што продуктите на метаболизмот не можат докрај да бидат разградени. Со тек на време тие продукти се натрупуваат во организмот, што на крајот доведува до оштетувања на ткивата и органите. Околу едно од 7500 деца е засегнато од ваква болест. Кај некои заболувања може да се спроведе супституциона (заместителна) терапија со ензими, кај други сеуште не постои никаква можност за терапија. Во многу од овие случаи животниот век на малите пациенти значително е скратен.
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
HealthAid Cysticare таблетите се специјално формулирани со користење на природни и високо квалитетни билни екстракти кои...

Нора Шаќири-Марковиќ и нејзиниот сопруг Марко, во моментов ги живеат најсреќните денови. Нора искрено раскажа дека кога ...

На стомак, на грб или на страна? Еве што треба да знаете за безбедни, удобни позиции на спиење за време на бременоста

Иако бременоста е исполнета со радости и убавина, таа е исполнета и со некои нови, па дури и непријатни ситуации.Еде...
