namesp во 10:11
Трансатлантски тим - чекор поблиску до лекувањето на тип 1 дијабет
Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010Јунското издание на научниот журнал „Cell proliferation“, ја одбележа четиригодишнината од истражувањето и успешната соработка меѓу тимовите, предводени од проф. Colin McGuckin, од Центарот за крв од папочна врвца во Њукасл, при Универзитетот Њукасл и проф. Larry Denner од Центарот за дијабет - Stark, од медицинскиот оддел при Тексашкиот универзитет (UTMB).
„Овој успех ја покажува важноста од развој на технологии за матични клетки, на глобално ниво. Ова е важен чекор во лекувањето на пациенти со дијабет, но е само една алка во ланецот кој ќе биде потребен” рече проф. McGuckin, кој работи на инситутот North East England Stem Cell (NESCI). Тој додаде: „Со комбинирање на нашите технологии, верувам дека дијабетот може да биде една од болестите, во чија терапија, матичните клетки можат да дадат голем придонес.”
Коавторот од Њукасл, д-р Nico Forraz рече: „Со повеќе од 120 милиони деца кои се раѓаат секоја година, матичните клетки од папочна врвца ќе бидат лидер во развојот на терапијата со матични клетки за пациентите низ светот. Преку 85 состојби веќе може да бидат третирани со крв од папочна врвца. Денес ние сме уште поблиску до додавањето на дијабет тип 1 на оваа листа.”
Студијата насловена како: „Инженеринг на матични клетки од папочна врвца, со цел - создавање на Ц-пептид и инсулин”, детално ја прикажува можноста за создавање на ткиво на панкреас, кое што може да се употреби не само кај пациенти со дијабет, туку и кај пациенти со други заболувања на овој орган. Проф. McGuckin ја кредитираше UTMB – групата (САД), забележувајќи за нивниот придонес: „Galveston има долга историја во медицинските достигнувања и силна определба кон медицинските истражувања.”
(Извор: ‘Инженеринг на матични клетки од папочна врвца, насочен кон продукција на С-пептид и инсулин’ објавен во журналот "Cell proliferation". Копии од весникот може да се добијат во канцелариите за комуникација при Универзитетот Њукасл)
Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете. Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:
Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса. Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save. |
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
...Твојата мудрост е безгранична. Оној, кој Ти го љубиш, Ти неповреден ќе го сочуваш преку твојот ангел од секакви напад...

Клетките на растечкиот ембрион започнуваат да лачат хормон наречен хуман хорионски гонадотропин или hCG, супстанција кој...

Сигурно многу од вас се запрашале како порано жените правеле тест за бременост? Многумина од вас сигурно сметаат дека то...

Дали сум бремена? Кога да направам тест за бременост? Кој тест за бременост е најточен?
