|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

СТОП на насилството врз жените!

Редакција Рингераја, 29.11.2014
Насилството врз жените претставува сериозна повреда на човековите права што феноменолошки се манифестира како резултат на дискриминаторски третман односно нееднаквост помеѓу мажите и жените
Клучни зборови:

image
/11


 

Ценејќи ја потребата од посебна заштита на жените од овој вид насилство, Генералното собрание на Обединетите Нации со резолуција 54/134 на 17. декември 1999 година, го утврди 25. Ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, на што претходеше Декларацијата за борба против насилство врз жените од 20. декември 1993 година.

И покрај фактот дека насилството врз жените е глобална пандемија и околу 70 проценти од жените доживеале насилство во нивниот живот, во Република Македонија се пренебрегнуваат фактите и не се обрнува потребното внимание за подобрување на состојбите од аспект на негово спречување и заштита на жртвите. За ова говори фактот дека жените - жртви на родово базирано насилство не ја добиваат соодветната заштита од институциите надлежни да ја пружат таа заштита. Овој вид на насилство кај нас најчесто се случува во рамки на семејството и поради тоа се изедначува со семејно насилство, иако тоа е само една од формите низ кое се манифестира.

И покрај изменетата законска регулатива, правилниците и протоколите за работа, сепак во РМ  механизмот на превенција и заштита на жените жртви на насилство во пракса не дава видлив и ефективен резултат  односно соодветна заштита  на жртвите и гонење на сторителите.

Уште при самото пријавување на насилството во полиција, во центрите за социјална работа и здравствените установи и минувајќи низ лавиринтите на системот, жртвите стануваат по втор пат жртви  Имено, полициските службеници кои првично се повикани да реагираат, многу често не се сензибилизирани ниту обучени за проблематиката и пријавите ги нотираат по своја лична проценка и убедување, а најчесто како  „нарушување на јавниот ред и мир“ со што го минимизираат стореното кривично дело. Од друга страна пак Центрите за социјална работа  со нивниот слаб капацитет и мали ресурси, не се во состојба квалитетно и навремено да одговорат на пријавите на жртвите, особено не надвор од работното време. Насилството не се случува во „определено работно време“, а непостоењето на дежурни служби за соодветна и навремена реакција е еден од најгорливите проблеми кај нас.

Згрижувањето на жртвите во шелтер –центрите претставува дополнителен проблем, бидејќи нивниот број се намалува, а во повеќето градови низ државата воопшто и не постојат шелтер-центри, односно засолништа за привремено згрижување на жртвите на насилство.  Двојната виктимизација на жртвите особено се чуствува при постојаното повторување на настанот пред различни институции, што понатаму води кон „обележување“ на жртвата во  средината во која живее и понатаму срамот ја одвраќа и обесхрабрува да води понатамошна постапка пред институциите. 

Хелсиншкиот комитет потсетува дека Република Македонија е потписничка на Конвенцијата на Советот на Европа (Истанбулска конвенција) за спречување и борба против насилство врз жени и семејно насилство, која за прв пат во Европа утврдува правно обврзувачки стандарди за спречување на насилство врз жената, вклучувајќи го и семејното насилство, за заштита на жртвите и казнување на сторителите. 

Годинешното одбележување на 25 ноември воедно претставува и апел до Владата и Собранието на РМ за поскоро ратификување на Истанбулската конвенција и прилагодување на домашната регулатива во согласност со одредбите на Конвенцијата.

 

РИНГЕРАЈА КАКО НАЈГОЛЕМ СЕМЕЕН МЕДИУМ СЕ ПРИКЛУЧУВА ВО СВЕТСКОТО ДВИЖЕЊЕ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА, ТРЕТИРАЊЕ И ЗАПИРАЊЕ НА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ.

Нашите членки ќе изразат поддршка и ќе го кренат својот глас против насилството врз жените менувајќи го својот аватар.

 

1


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Општи услови за користење на порталот
Последна верзија: 15 март 2018
3
Рингераја.мк е наградена од ЦИРа
Доделени се годишните награди за филантропија и општествена одговорност за 2012 година, кои се организираат по шести пат...
3
Повелете на креативна дружба на Мама`с и Р...
Мама'с, Рингераја и здружението Во Мојот Свет ве канат на креативна дружба со хуманитарен карактер на 21.12. сабота во 1...
3
Наградуваме најубави новогодишни желби на ...
Новогодишната светлина нека ви го донесе патот до среќата, успехот и здравјето! Нека го стопи злото во добро, а сонот го...
3




Анкета

vkusovi
bilbilce

koj vkus go obozavate najmnogu

blago (48%)

soleno (26%)

kiselo (24%)

luto (2%)


Број на сите гласови: 66

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!