|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Совршена, но исцрпена, замор од „да се биде сe“

Редакција Рингераја, 21.1.2026
На прв поглед изгледа дека сe е под контрола и работата, и семејството, изгледот, обврските, вашата насмевка. Однадвор изгледате совршено, одвнатре сте исцрпени.

image
Фото:Canva/Хроничниот замор од постојаниот обид „да се биде сe“ може тивко да доведе до емоционално исцрпување, па затоа грижата за себе не е луксуз, туку неопходност.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Современата жена не се уморува од тоа што прави, туку од очекувањето и задоволување на тоа очекување да биде сè, секогаш и без пауза.

 

Невидливиот товар

Да се биде: посветена мајка, успешен професионалец во својата работа, емотивна партнерка, организатор на домот, негувана и смирена во исто време, без грешки, без жалби и без пауза е товар кој ретко се признава, а уште поретко се симнува.

 

Културата на „можеш сè“

Пораките што секојдневно ги добиваме се опасно мотивирачки: „Ако сакаш можеш.“, „Само организирај си го времето и активностите подобро.“, „Сите имаме исто време.“

Но реалноста е малку поинаква. Никој не може секој ден сè и тоа е сосема во ред.

 

Заморот што не се лекува со сон

Ова не е обичен замор. Ова е: ментална преоптовареност, емоционална исцрпеност и чувство дека никогаш не сте доволни. Така да дури и кога одмарате, вашиот ум не мирува. Затоа сонот не е доволен.

 

Зошто толку тешко си дозволуваме пауза?

Затоа што: се плашиме да не разочараме, мислиме дека одморот е слабост, затоа што сме научени дека вредноста доаѓа од продуктивноста. Но одморот е потреба и задолжителност.

 

Малите знаци дека сте на работ

-          Чувствувате постојан умор без јасна причина.

-          Се појавува раздразливост и чувство на вина.

-          Ја губите радоста во работите што порано ве исполнувале

-          Чувство дека сте „на автопилот“.

 

Како да излезете од улогата на „совршена“?

-          Дозволете си да не бидете сè. Понекогаш е доволно да бидете само присутни.

-          Поставете граници. Не мора секое барање да добие одговор „да“.

-          Побарајте помош. Самостојноста не значи самотија.

-          Редефинирајте ја успешноста. Успехот не е колку сте издржала, туку колку сте се зачувале.

 

Да се биде „совршена“ често значи да се биде невидливо исцрпена. Животот не бара совршенство бара присутност, здравје и автентичност. Светот нема да се распадне ако застанете, а вие нема да исчезнете ако одморите.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Водич низ Рингераја
Погледнете го списокот на алатки кој секако ќе Ви затреба еднаш во животот. Погледнете што се' можете да најдете на Ваши...
3
Дружбата со БиМилк и Рамстор за Ден на мле...
По повод Светскиот ден на млекото, во трговскиот Рамстор се организираше голема дружба со забавни игри!
3
Летни игри со Винчини!
Многу забава, подароци, за најуспешните викенд во Охрид и игра во финале и скутер.
3
Пријателите се светлина низ годините
Една од најубавите вредности со која можеме да бидеме благословени што може да ја имаме во животот е пријателството што ...
3




Анкета

најубаво женско име
happy mommy

Мами со ова да ми помогнете да си одберам именце

Клара (11%)

Ева (32%)

Лара (10%)

Дора (10%)

Миа (28%)

Луција (9%)


Број на сите гласови: 119

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!