vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Станува збор за 46-годишната мајка на пет деца и домаќинка од Илиноис, САД - Терелин Расел, која може да се пофали со коса со импресивна должина од 1,82 метри. Интересно е дека девојките на Терелин не остануваат назад и покрај кревката возраст и тие се со коси со доста неверојатни должини, имено 93 сантиметри, 90 сантиметри и 66 сантиметри. Госпоѓата Расел постојано победува на натпревари за најдолга коса, а нејзините ќерки, докажуваат дека Крушата не паѓа подалеку од дрвото, исто ги следат стапките на мајка си и слично на неа учествуваат во натпревари и заработуваат медали. Терелин вели дека за последен пат била со кратка коса на четири години, кога започнувала да оди во детска градинки, но појаснува дека кратка коса значи со должина до половината. Оттогаш Расел одржува коса со должина до глуждовите, со помош на која го освоила и нејзиниот сопруг.
Терелин споделува дека косата и создава непријатности во секојдневниот живот - често ја пптфаќа со вратата на автомобилот или ја нацапува додека оди, освен тоа за да ја измие, на едно капење нејзино е потребна една четвртина од шишето со шампон, а сушењето со фен трае буквално еден час. Сепак ја обожава својата долга коса, која е важен дел од нејзиниот идентитет и затоа никогаш не би се разделила со неа.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како расте бебето од 14тата до 27мата недела?
Второто тромесечје од бременоста, кое ги опфаќа 14тата до 27мата геста...
Кои хормони се најважни за забременување?
Забременувањето е сложен процес во кој учествуваат повеќе хормони. ...
Дневната соба е едно од најважните места во домот. Тоа е просторот кад...
Либидо и планирање бременост. Што треба да знаете?
Либидото, односно сексуалната желба, е важен дел од интимниот живот, н...
Кога е најдобро време за патување во бременоста?
Патувањето во бременоста не мора да значи откажување од одморите и пла...