AniJo во 19:13
на тема RE: Сурогат - мајка !?!
Прво доаѓа љубовта, па бракот, па планираниот секс и терапиите за плодност придружени со средовечниот доктор кој постојано гледа помеѓу вашите нозе. Добредојдовте во светот на правење бебиња! Барем вака изгледа зачнувањето за некои жени. Жените кои не можат да забременат поминуваат низ многу тежок период и постојано се преплавени со емоции, како што се осаменост, загуба и самоомраза. Многу ретко се зборува на оваа тема иако би требало. Доколку и вие имате таков проблем, ова се 8-те работи што никој не ги кажува, а би требало да ги знае секоја жена…
Има многу жени кои се на возраст од 29 до 30 години, а сепак нивната неплодност е необјаснива. Тие може да немаат никаква дијагноза. Може да е с? во ред со плодноста на мажот и репродуктивниот систем на жената. Понекогаш, и покрај тоа што нема никакви пречки, на некои парови им треба помош за да направат дете. Секој пар е различен и сите жени имаат различно тело.
Кога терапијата не помага одново и одново, секој месец станува с? потешко и потешко. Како што минува времето, така опциите се намалуваат и по одреден период, многу жени мислат дека никогаш нема да успеат да забременат.
Најтешко е да се биде помеѓу родители кои имаат деца. На жените кои не можат да забременат им паѓа многу тешко кога ќе видат бебешка количка на улица или бремена жена, за тоа што мислат дека тие никогаш нема да имаат деца.
Велат дека бебињата се скапи, но за некои парови, правењето бебиња е многу поскапо. Секоја тура хормони може да ве чини дупло повеќе од претходната. Доколку регуларната терапија со хормони не ви помогне, ќе треба да почнете да размислувате за оплодување со ин витро, што е уште поскапо. Дали вреди сиот овој трошок? Апсолутно!
Една недела ќе ви се чини како месец, месецот како година, а годината како цела вечност доколку се обидувате да забремените. Кога вашиот живот е под контрола на лекарските прегледи и неделните вагинални ултразвуци, тешко е да се размислува за што било друго.
Жените кои се неплодни и примаат терапија, внесуваат толку многу хормони што тоа им влијае на целиот организам, емоциите и физичкото тело. Можно е да ви излезат акни, да качите вишок килограми и да не се чувствувате привлечно. Жените може да изгледаат како да се бремени како последица на хормоните, а да не се навистина бремени. Вистинска иронија!
Жените кои имаат проблем со плодноста ќе бидат подготвени на с? за да забременат. Ако чујат дека некоја сомнителна терапија ќе им помогне да забременат, тие ќе ја пробаат. Кинески билки со чуден вкус? Пробано. Визуелна медитација која ќе ве поттикне да ја замислувате вашата матка како безбедно, топло и удобно место? Пробано. Сите можни природни производи направени од разни тревки? Пробано. Кога жените ќе почнат да веруваат дека можеби никогаш нема да забременат, почнуваат да прават луди работи.
Кога се обидувате да направите бебе, ви се чини дека секој објава на Фејсбук е поврзана со бебиња и родители кои си играат со нивните деца. Со оглед на тоа што нивниот живот целосно се менува, жените кои имаат проблеми со плодноста многу често мора да ги сменат и нивните навики во однос на користење социјалните мрежи за да ги одбегнат секојдневните потсетници на она што го немаат. Во спротивно, нема да можат да ја поднесат психичката тортура.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
10 изненадувања по породувањето
Претпоставувам дека сите луѓе кои имаат деца веќе го виделе пеколот, п...
9 засрамувачки симптоми на бременоста
Еве неколку од нормалните симптоми на бременоста кои ги засрамуваат тр...
Што треба да знаете кога ќе дојдете дома со бебето
Кога ќе добиете нов член во семејството, сосема еочекувано да имате бе...
Контракции - СЕ што треба да знаете
Ако сте бремени, веројатно размислувате за контракциите - особено кога...
Шест волшебни игри на бебето во стомачето
Колку и да е тешко да се поверува, Вашата материца е доста сензорно иг...
Идеалната разлика помеѓу браќата и сестрите.
пеперутка16
Кога да имате уште едно дете?