Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Постојат многу фактори кои влијаат врз здравјето на жената, состојбата на јајце клетките и нејзината способност да овулира – стрес, долготрајни диети, лоши навики, хормонален дисбаланс и др.
Зошто здравјето на јајце клетките е толку важно? Колку се тие поздрави, толку е подобра состојбата на фертилноста.
До неодамна се тврдеше дека секоја жена се раѓа со одреден број на јајце клетки и тие се единствените клетки во организмот кои не се регенерираат. Последните истражувања нудат интересна перспектива на животот на јајце клетките – жените всушност можат да произведуваат нови и нови во свите фертилни години.
Според истражувањето возраста исто така има значење, но не игра клучна улога во произведувањето, здравјето и животот на јајце клетките. Многу е важно да умеете да ги пазите јајце клетките кои ги имате, како и да се грижите за успешно производство на нови со помош на добар режим на исхрана, билки, додатоци и активен начин на живот.
За време на месечниот циклус јајце клетките тргнуваат на едно вистинско патување кон големата ел – овулација. Во текот на овој циклус Ви се отвора можност да интервенирате во подобрување на нивното здравје, бидејќи се премногу ранливи на лоши надворешни влијанија. Обрнете внимание на:
- Движењето во текот на денот
- Хормоните
- Додатоци во исхраната
- Елиминирање на стресот
Задолжително посетете специјалист за да ја следите состојбата на хормоналниот баланс, бидејќи премногу често токму тоа се јавува како основен, суптилен и скриен непријател на бременоста.
За се останато можете да се погриижите сами!
Кога зборуваме за движење не мислиме да спортувате, туку редовно да се движите – загревање, прошетки, вежби 2-3 пати неделно.
Пијте многу вода, за да ја подобрите општата состојба на крвта и телото.
Посетувајте курсеви по јога за да балансирате меѓу менталното и физичкото здравје.
Направете здрав избор на своето дневно мени:
- матичен млеч
- зеленчук
- брокули
- јаткасти плодови
- лосос
- семки од тиква
- ѓумбир
Производи кои можат да наштетат на здравјето на јајце клетката:
- цигари
- алкохол
- рафиниран шеќер
- газирани пијалоци
- ниско калорична храна
- преработена храна
- транс масти
Обрнете посебно внимание на храна која содржи антиоксиданси. Тие ги штитат јајце клеткте и сперматозоидите од изумирање.
4
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Зошто генетското советување е важно за некои парови?
Планирањето семејство не е само емоционална одлука, туку и важен чекор...
Вашето здравје е првиот дом на идното бебе
Бременоста е едно од најважните животни поглавја, а најдобрата подгото...
Што ако детето одбива да се откаже од цуцлата?
Цуцлата е утеха за многу деца, им помага да се смират, полесно да засп...
Улогата на доењето во создавање емоционална поврзаност
Доењето често се гледа првенствено како начин на исхрана, но неговото ...
Сe за сите, ништо за себе: тивкиот предизвик на мајките
Во периодот по раѓањето на детето, многу мајки несвесно влегуваат во о...