namesp во 10:10
10 грешки во правењето бебе
Редакција Рингераја, 3.1.2024
Постојат некои вообичаени грешки што идните родители ги прават за време на обиди за бременост. Кои се тие?
1. Немате доволно секс
Некои двојки погрешно веруваат дека зачнувањето бара само точен момент. Наместо да го насочувате денот на овулацијата, направете го тоа почесто. Зачнувањето во пракса е можно во секое време во месечниот циклус на жената.
2. Премногу секс
Секс кој ретко се практикува не е добар за забременување, но и предозирање не е препорачливо. Може да го исцрпи човекот и да ги спречи неговите сексуални жлезди да произведат доволно сперматозоиди способни за оплодување.
3. Иста поза секој пат
Можеби ви се чини дека мисионерската поза е најсоодветна за бременост, но тоа не е секогаш така. Сето тоа зависи од вашите физиолошки карактеристики и од оние на вашиот партнер. Некои жени се погодни за подлабока пенетрација или за пози во кои доминираат жени.
4. Претпоставувате дека проблемот е во жената
Само затоа што жената не може да забремени, не значи дека проблемот е во неа. Кога забременувањето не се случува подолго време, добро е и партнерот да отиде на преглед.
5. Не ја пресметувате овулацијата добро
Овулацијата е најплоден период во месечниот циклус. Пресметајте го внимателно затоа што тоа ќе биде вашата референтна точка за вистинското време за посериозни обиди.
6. Имате секс на денот на овулацијата
Ако имате комплет за пресметка на овулација, веројатно ја мерите вашата базална температура и го пресметувате точниот ден од циклусот. Ова помага малку, но вашата плодност може да варира за околу 24 часа. Ова е причината зошто најверојатно ќе го пропуштите.
Семето може да живее до неколку дена во вагината на жената и заради тоа подобро за вас е да имате повеќе секс во деновите пред почетокот на овулацијата.
7. Користите лубрикант
Маслата содржат многу хемикалии кои влијаат на оплодувањето на спермата. Ако сеуште имате потешкотии со природно навлажнување, користете лубриканти базирани на вода.
8. Брзо контактирате со специјалист
Нема ништо лошо во консултацијата со лекар, но тоа не треба да биде првото нешто што го правите. Препорачливо е да почекате неколку месеци до 1 година, особено ако сте под 35-годишна возраст.
9. Не барате помош доволно рано
Другата екстремност исто така не е добро решение. Ако е поминато една година во природни обиди да забремените и сеуште сте неуспешни, консултирајте се со доктор за да проверите што е причината. Чекањето ќе го забави процесот и успехот ако се покаже дека постои физиолошки проблем со еден од партнерите.
10. Го занемарувате вашето целокупно здравје
Треба да се нагласи дека не е важно само здравјето на вашиот репродуктивен систем, туку здравјето на целото тело. Телото работи синхронизирано, а индиректните проблеми во други органи и системи може да бидат причина за потешкотии во зачнувањето или да го компромитираат развојот на вашето идно бебе.
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Научниците тврдат дека не е случајност тоа што многу луѓе слават роденден околу 23 септември...

Кога еднаш ќе почнете да ја планирате својата иднина и ќе почнете да размислувате за бременост, во Вашата близина од ниг...

Во нашата земја околу 15% од брачните парови се неплодни. Денес 60 - 70% од неплодните брачни парови се одлучуваат за по...

Прашањата како “Кога вие двајца мислите да имате бебе?” или “Како напредуваат обидите да добиете бебе”, можат да бидат т...
