|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Што е КОРОНАВИРУС и како да се заштитите?

Редакција Рингераја, 25.2.2020
Светот и во минатото се соочувал со опасни вируси кои пустошеле се’ пред себе. И иако денес медицината е напредна, сепак за некои нешта се’ уште нема решение. Така е и со коронавирусот...

image
/11


Што е коронавирусот?

Коронавирусот (corona virus COVID-19 ) е вид на вирус кој во теорија влијае само на животни, но има и одредени негови видови  што можат да се пренесат на луѓето - како што е токму тој кој уби над 1000 луѓе во последниот месец. Се претпоставува од кое животно потекнува овој коронавирус. Лилјакот за прв пат беше пријавен како причина за епидемијата, а последната теорија е дека коронавирусот доаѓа од Панголин (мравојад) цицач прекриен со лушпи. Се храни со мравки, а лушпите му го заштитуваат телото од каснувањето на овие инсекти. Се смета за едно од најпродаваните животни, се разбира, нелегално и првенствено заради „оклопот“. Епицентарот на вирусот корона што неодамна стигна во Европа е во Вухан, Кина.

Дали има простор за паника?

Во моментов има околу 80 000 случаи на коронавирус во светот. Иако бројот на пациенти е во пораст, таков е и бројот на оние кои се изборија со него - околу 28.000 луѓе. Процентот на смртни случаи од вирусоткорона во моментов е на 9%, што е околу 2.600.

Најголем број на пациенти сè уште има во Кина, исто така и со најголем број на нови случаи секој ден, а во Европа, Италија стана за брзо време водечка земја во однос на бројот на заболени - нешто повеќе од 200 лица. Покрај Италија, вирусоте пријавен во Белгија, Русија, Финска, Франција, Германија, Шпанија, Велика Британија...

Додека многу медиуми објавија дека стапката на смртност е околу 10%, важно е да се одреди профилот на починатиот – најмногу кои умираат од вирусот се старите луѓе и луѓето кои биле болни во моментот на инфекција.

Заразените со над 80 години имаат статистички помалку шанси да закрепнат од помладите пациенти, бидејќи стапката на морталитет за тие години е 14,8%. За сите оние под 40-годишна возраст, стапката на смртност е под 0,5%, а не се пријавени смртни случаи за оние помлади од 10 години. За луѓето кои биле здрави за време на инфекција, стапката на смртност е исто така помала од 1%. Кардиоваскуларните пациенти се со најголем ризик, а лицата со белодробно заболување, карцином или дијабетес се исто така статистички повеќе изложени на ризик.

Причини, симптоми и третман

Иако точниот извор на вирусот сè уште не е дефиниран, знаеме како се пренесува - со кивање, кашлање и општо орално. Симптомите се исти како и симптомите на грип, освен што тие доаѓаат со задоцнување до 14 дена по инфекцијата. Затоа што симптомите се исти како и обичниот грип, резултатите од тестот не се добиваат моментално, што во никој случај не оди во прилог на заболените.

Сè уште нема лек за коронавирусот, а светските научници со сите сили се трудат да го развијат. Во моментов, најдобриот лек е да се изолираат заразените за да не се шири.

Како е коронавирусот поврзан со очите?

Како што веќе споменавме, вирусот корона најчесто се пренесува орално, со кивање, кашлање или дури и разговор во четири очи со заразените. Иако ова е доволна причина за зголемено ниво на претпазливост, научниците сè уште не се сигурни дали вирусот корона може да се пренесе преку предмети како кваки, столици, итн., а потоа со допирање на лицето, односно устата, носот или очите.

Првиот лекар што се зарази со коронавирус - Ванг Гуангфа - предупредува дека вниманието на очите не е доволно нагласено. Д-р Гуангфа верува дека тој лично го добил вирусот преку окото, бидејќи еден од неговите симптоми бил воспаление на конјунктивата, (деликатен дел од очниот капак, предниот дел на белката на окото) на левото око. Д-р Гуангфа верува дека би ја избегнал заразата доколку носел безбедносни очила. Неговата теорија е потврдена од повеќе експерти од областа на заразните болести.

Дали овој вирус е сличен на грипот?

Далеку најголем проблем со вирусот е фактот дека не постои специфичен лек. Позитивната работа е секако големиот број на луѓе кои го победија вирусот, што ни овозможува да знаеме дека болеста не е толку смртоносна.

Некои сметаат дека стравот од коронавирусот е претеран и не се плашат од можно ширење во нашите области. Истите овие лица често го споредуваат со грипот и велат дека значително повеќе луѓе умираат од грипот... Но, споредувајќи ги двата вируси, реалноста е сосема поинаква.

Вирусот на грип и коронавирусот се слични во принцип во само неколку работи: постои многу поголема смртност кај пациенти кои веќе страдаат од друга болест за време на заразата и се пренесува со кашлање и кивање. Постои голема разлика во ширењето на инфекцијата - додека во просек едно лице го пренесува грипот на 1,3 лица, заразениот вирусот корона го пренесува во просек од 2,2 лица.

Како заклучок, вирусоткорона делува многу поопасно од обичниот грип, но со оглед на возраста и општата здравствена состојба на починатиот пред да се зарази, вирусот корона е далеку од пандемија опасна по живот.

Совети за вашата безбедност

Коронавирусот не треба да се свати несериозно, а потребни се одредени мерки на претпазливост. Дополнителни безбедносни мерки вклучуваат:

Мијте ги рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Овој чекор е неопходен пред јадење, готвење и после кивање или кашлање.

Кога кивате или кашлате, не заборавајте да користите марамче, од кое веднаш треба да се ослободите.

Избегнувајте допирање на очите, устата и носот со неизмиени раце.

Избегнувајте контакт со заразени лица, без разлика дали е настинка или нешто поопасно.

Чистете предмети и работи што се во чест контакт со луѓето- како играчки и кваки.

Ако сте болни и не ви е потребна лекарска помош, останете дома.

Задолжително измијте ги рацете после каков било контакт со животни.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто се` завршува во бебешката уста?
Дали Вашето бебе има ставено се во уста – обувки, џемпери, играчки и се што ќе му падне в рака? Опуштете се и сфатете – ...
4
5 работи што мајките ги забораваат по поро...
По раѓањето, многу мајки забораваат на себе, на своите потреби, нивното здравје. Целото нивно внимание се посветува на ...
4
20 идеи за декорација на торта за крштевка
Разубавете го најубавиот ден со најубава торта
4
Мајчиното млеко и предвреме родено бебе
Докосахексеноичната киселина (DHA) – омега3 –масна киселина која се наоѓа во мајчиното млеко е од суштинско значење за ...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?