|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Први реакции на родители на дете со интелектуална попреченост

Ана Петковска, дефектолог, 6.9.2011
Ниеден родител не сака неговото дете да биде болно, попречено или повредено на било кој начин. Но кога родителите дознаваат дека нивното дете има попреченост тие почнуваат живот кој е често исполнет со силни чувства и тешки одлуки.

image
/11


Најчесто родителите се чувствуваат изолирани и сами и не знаат кога да ја започнат потрагата по информации, помош, разбирање и поддршка. На сознанието дека детето има попреченост, многу родители реагираат како и сите пред нив кои биле соочени со ова разочарување и огромен предизвик.

Една од првите реакции е негирање – “Ова не ми се случува мене, на моето дете, на нашето семејство.” Одбивањето брзо преминува во лутина која начесто се однесува на медицинскиот персонал кој е инволвиран во изнаоѓањето на информации за проблемите на детето. Лутината исто така може да ја обои комуникацијата меѓу мажот и жената, со бабите и дедовците или пак со другите членови на семејството. Порано се мислело дека лутината е толку силна која го допира скоро секој, затоа што е поткрепена со чувства на болка и необјаснива загуба дека никој не знае како да го објасни или да се справи со тоа.

Стравот е друг одговор. Луѓето почесто стравуваат од непознатото отколку од познатото. Имајќи комплетна дијагноза и знаење за иднината на детето е полесно отколку неизвесноста. Во секој случај стравот од иднината е заедничка емоција: “Што ќе биде со детето кога ќе има 5 години, кога ќе има 12 години или кога ќе има 21 година? Што ќе се случи со детето кога јас нема да бидам тука?” Потоа доаѓаат и други прашања: “Дали тоа би можело да учи, дали ќе оди на училиште?”

Тука е и стравот од општественото одбивање, стравот од тоа како браќата, сестрите ќе реагираат, прашања за тоа дали воопшто ќе има браќа и сестри во тоа семејство и заинтересираност дали воопшто мажот или жената ќе го сакаат ова дете. Овие стравови може и да ги имобилизира некои родители.

Нормално дека се јавува и вината    и загриженост за тоа дали дали родителите самите го предизвикале проблемот: “Дали јас направив нешто да го предизвикам ова? Дали сум казнет/а поради нешто што сум напрваил/а? Дали се грижев за мене додека бев бремена? Дали мојата жена се грижела добро додека беше бремена?” Грижата на совест често е основа за поставување на ваквите прашања за причините на нарушувањето. Родителите често даваат одговори дека детето се лизнало од кревет и си ја повредило главата или пак дека другите деца од семејтвото го испуштиле од раце, а за тоа не биле известени родителите.

Чувството на вина може да се манифестира во душевни и религиозни интерпретации, кривици и казнување. Во плачот: “Зошто јас?”, “Зошто моето дете?’ , многу од родителите често велат: “Зошто Господ мене ми го направи ова?”. Во кревањето на очите кон небото се прашуваат: “Што направив јас да го заслужам ова?”. Една млада мајка кажа: “Јас се чувствувам виновна, бидејќи сиот мој живот не сум имала потешкотии, па сега Господ одлучи да ми подари тешкотија”.

Збунетоста исто така го одбележува овој трауматски преиод. Како резултат на нецелосно разбирање кое се случува или кое ќе се случи, збунетоста ги открива самите во немоќност да направат одлуки, како и менталното преоптеретување. Во средината на таквата траума, информациите можат да изгледаат искривени и лажно претставени. Слушаат нови зборови кои не ги слушнале претходно, термини кои опишуваат нешто кое не можат да го разберат. Сакаат да најдат што се случува, но сепак не можат да најдат смисла во сите информации кои ги добиваат.

Често родителите не се на иста бранова должина како и луѓето кои се обидуваат да комуницираат со нив за попреченоста на нивното дете.

Неможност да се промени она што се случувае многу тешко да се прифати. Не може да се промени фактот дека детето има некаква попреченост, а сепак родителите сакаат да се чувствуваат компетентни и способни да се справат со нивната животна ситуација. Екстремно е тешко да се потпрат на осудувањата, мислењата и препораките на другите. Во решавање на проблемот, другите се само странци со недоверба која се воспоставува.

Разочарување дека детето не е перфектно, зазема место во егото на многу родители и предизвик за вредноста на нивниот вредносен систем. Овој стрес за претходните очекувања може да креира неволност да го прифатат детето како личност која се развива.

Одбивање е друга реакција од искуството на родителите. Одбивањето може да биде директно кон детето или кон медицинскиот персонал или пак кон другите членови на семејството.    Една многу сериозна форма на одбивање е “желбата за смрт” на детето – чувство кое многу родители го изнесуваат од нивните најдлабоки точки на депресија.

Ми го дадоа детето во рацете, но кога ме погледнаа тие коси очи ми се стегна срцето. Ха, ха, Благице шегата ти е одлична, сега врати го ова дете од кај што го зеде и донеси го мојот Стефан! Благица стоеше до мене и се трудеше да ме врати во реалноста. Во шок сум, без глас, со камен на душата и себична. О Господе, прости ми по стоти пат, Те молам срцето на ова дете што лежи до мене да не издржи до наредниот ден. Да, да Господе мој, само нека умре! Што да му кажам на Зоран сега, какво ли дете сум му родила? Сигурно ќе ме остави, бидејќи нема да живее со тоа” (медицинска сестра)

Низ овој период, во време кога многу различни чувства можат да го поплават умот и срцето, не постои мерка колку интензивно родителот може да го искуси ова соѕвездие од емоции. Не сите родители поминуваат низ овие фази, но е важно за родителите да се идентификуваат со сите потенцијални проблематични чувства кои можат да се појават, па така тие ќе знаат дека не се сами, дека има многу конструктивни акции и многу извори на помош, комуникација и поддршка.

 

 


 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Итар Пејо и селаните риболовци
Македонски народни приказни
5
Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Како да знаеме дали детето е левучар ?
Како да го учиме да пишува, црта, сече…ако сме десничари?
3
Десетте најнезгодни детски прашања
Прашањата се движат од наједноставни – “Дали ајкулата би можела да победи диносаурус?” преку проблематични “Зошто е небо...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?