Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Целта на оваа статија е да се даде осврт и укажување на значењето на рана логопедска и дефектолошка интервенција во полето на исхраната. Исхраната е подеднакво важна за животот како и дишењето. Исхраната го овозможува физичкиот, емоционалениот и сознајниот развој на детето. Исхраната не е само биолошки одговор на метаболните потреби на детето, ова е взаемно сложена врска на однесување помеѓу непосредната околина и детето. Токму поради успешноста на раната интервенција неопходна е тимска соработка на стручните лица: неонатологот, медицинската сестра, логопедот и родителите. Благодарение на напредокот на медицината и технологијата се поголем број на предвремено родени деца преживуваат, но и се јавуваат многу потешкотии во исхраната, но тука ќе дадам осврт на потешкотите во исхраната после породувањето.
Детето се раѓа со околу 70 неонатални рефлекси, но за нас важни се
1. Рефлекс на цицање
2. Рефлекс на голтање
3. Роотинг рефлекс, рефлекс на барање или рефлекс на кардинални точки
Првиот рефлекс се испитува дали постои кога бебето ке се стави на мајчината дојка или на шишенце со млеко. Може да се испита и ако малиот прст го ставиме на усните на бебето. После вторито месец овој рефлекс станува и поминува на свесно ниво како потреба и воспоставена потреба. После 4 месец овој рефлекс се губи.
Вториот рефлекс на голтање се испитува со ставање на една до две капки на течност. Детето би требало да ги голтне капките.
Третиот роотинг рефлекс се испитува на тој начин што се допираат четири точки на усните или образите и се проверува дали го има овој рефлекс. Овој рефлекс се губи во 3 или 4 месец од животот на доенчето, но во спиење останува подолго. Овие три рефлекси се многу значајни за преживување на бебето. Децата се раѓаат со овие три рефлекси, овие се три важни активности, доење голтање и дишење кои треба да се складни и синхронизирани. Од 32-та гестациска недела овие рефлеси се присутни. Но кај предвремено родените бебиња овие рефлекси не се резвиени. Оваа информација е многу значајна за правење на логопедски план за рана интервенција. Стимулирањето на цицањето може да се вежба дури после 30 гестациска недела. Вкупно 72 мускули учествуваат на главата и вратот во хранењето, пиењето, говорот и фацијалната експресија.
Пореметување на хранењето
Под пореметување на хранењето подразбираме проблеми на земање на храна, на доење, голтање, џвакање на храната и враќање на храна или течност во фарингалниот простор. Значи проблемите можат да се јават на овие три фази.
1. Орална фаза е фаза во која се одвива цицањето, џвакањето и преминување на течностите во фаринсот од усната празнина.
2. Фарингалната фаза е процесот на голтањето и потиснување на храната према гркланот и во исто време затворање на дишните патишта поради спречување на апсорпција на храна во дишните патишта.
3. Езофагеална фаза значи отварање и затварање или релаксирање и затегнување на отворите на почетокот на хранопроводот и на крајот од хранопроводот пред храната да навлезе во желудникот.
Кај деца кои имаат потешкотии во хранењето се аплицираат сонди токму со цел храната да навлезе во желудникот. Имаме назофагеална сонда преку носот до желудникот, транспилорочна сонда преку носот се до дванаест палечното црево или дуоденум и ПЕГ=перкутана ендоскопска гастронома која по хируршки пат се аплицира преку отвор на абдоменот до желудникот.
Исхраната преку сонда често е пропратена со медицински, психолошки и бихејвиорални проблеми и логопедскиот третман ќе зависи и од самото време односно колку е долг временскиот период на хранење со сонда. Процесот на премин на ентерална на перорална исхрана преку уста бара добра логопедска припрема, континуитет, доследност и истрајност. Процесот бара ангажирање на повеќе стручни профили и е долготраен. Логопескиот третман опфаќа
1. Поттикнување на оралните способности и хранење и способности кои не се поврзани со хранењето како мимичната мускулатура и рецептивните вежби за диференцијција и препознавање на вкусовите.
2. Подршка на сите системи вклучени во хранењето преку сплет на логопедски вежби со соодветни сонди и
3. Подршка на детето и неговото семејство.
4
4
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Малите победи што значат сe во процесот на IVF
Патот кон родителство преку ин витро оплодување ретко е едноставен. То...
Кога бременоста не е „само нормална“?
Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој...
Како изгледа првиот преглед кај специјалист за плодност
Првиот преглед кај специјалист за плодност не е само медицинска процед...
Што да јадете, а што да избегнувате во бременост?
Бременоста е период кога исхраната има директно влијание врз здравјето...
Намирници кои можат да предизвикаат колики кај бебето
Коликите кај бебињата се еден од најчестите предизвици во првите месец...
Секс.
пеперутка16
После сексот со сопругот, ти?