|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Превенција на дебелеење кај децата

Редакција Рингераја, 28.3.2016
Зошто прекумерната телесна тежина кај децата се смета за здравствен проблем? Што можете како родител да направите за да се спречи прекумерна телесна тежина кај Вашето дете?

image
/11


 

Како да се спречи прекумерната телесна тежина кај децата

Постојано на ТВ и во весници слушаме за глобалниот тренд на пораст на бројот на деца и тинејџери со прекумерна телесна тежина, во последните две декади. Можеби се прашувате зошто лекарите и научниците се толку загрижени за овој тренд? Исто така, како загрижени родители можеби се прашувате: Кои чекори треба да ги преземеме за да спречиме нашите деца да се здобијат со прекумерна телесна тежина?

Зошто прекумерната телесна тежина кај децата се смета за здравствен проблем?

Лекарите и научниците се загрижени за порастот на бројот на деца и млади со прекумерна телесна тежина поради фактот што прекумерната тежина може да предизвика некои здравствени проблеми:

  • срцеви заболувања предизвикани од:
    • висок холестерол и/или
    • висок крвен притисок
  • дијабетис, тип 2
  • астма
  • апнеа во сон (прекини во дишењето при спиење во траење од неколку секунди до минути)
  • социјална дискриминација

Дополнително, студиите покажуваат дека децата и тинејџерите кои се прекумерно тешки, со поголема веројатност ќе бидат дебели како возрасни.

Што можете како родител да направите за да се спречи прекумерна телесна тежина кај Вашето дете?

За да му помогнете на Вашето дете да има здрава тежина, воспоставете баланс помеѓу калориите што Вашето дете ги консумира од храната и пијалоците и калориите што тоа ги троши преку физичка активност и нормален раст.

Треба да се запомне дека целта кај деца и тинејџери со прекумерна телесна тежина е да се намали процесот на наголемување килограми, а истовремено да се овозможи нормалниот раст и развиток. Децата и тинејџерите НЕ ТРЕБА да се подложуваат на редукциона диета за намалување на телесната тежина без консултација со стручно лице.

Балансирање на калориите: да им се помогне на децата да развијат здрави навики на исхрана

Еден дел во балансирањето калории е да се јаде храна која ќе ги обезбеди нутритивните потреби и соодветен број калории. Како родители, можете да им помогнете на Вашите деца да станат свесни за тоа што јадат со развивање здрави навики во исхраната, изнаоѓање начини како да се направат омилените оброци поздрави и со редукација на искушенијата кои изобилуваат со калории.

Охрабрување на здравите навики во исхраната. Не постои некоја голема тајна околу здравата исхрана. За да им помогнете на Вашите деца и фамилија да развијат здрави навики на исхрана, потрудете се на следните начини:

  • обезбедете доволно зеленчук, овошје и производи од цели зрна.
  • вклучете млеко и млечни производи со мала или без масленост.
  • изберете попосно месо, пилешко, риба, леќа, грав и други мешунки како извор на протеини
  • сервирајте порции со разумна големина
  • охрабрите ги Вашите домашни да пијат многу вода
  • да ги ограничат пијалоците засладени со шеќер
  • да го ограничат консумирањето на шеќер и заситени масти.

Запомнете дека мали промени секој ден може да доведат до рецепт за успех!

Изнаоѓајте начини за да ги направите омилените оброци поздрави. Рецептите кои ги подготвувате вообичаено и во кои Вашето семејство ужива, со мали промени можете да ги направите поздрави.

Отстранете ги искушенијата кои изобилуваат со калории! Иако во се може да се ужива умерено, редуцирањето на искушенијата кои изобилуваат со калории од масти и шеќери може да помогне околу развивањето здрави прехранбени навики. Дозволете им на Вашите деца само понекогаш да јадат таква храна како би можеле вистински да и се насладуваат. Како замена за висококалоричните посластици, понудете им посластици со ниско ниво на масти и шеќери како јаболко, банана, грозје, моркови и сл.

Балансирање на калориите: да им се помогне на децата да останат активни

Друг дел во балансирањето калории е да им се овозможи ангажман во соодветна количина физичка активност и да се избегне премногу седење. Покрај тоа што е забавно за децата и тинејџерите, регуларната физичка активност има многу здравствени придобивки меѓу кои:

  • зајакнување на коските
  • намалување на крвниот притисок
  • намалување на стресот и анксиозноста
  • зголемување на самодовербата
  • помош во регулирањљето на телесната тежина

Да им се помогне на децата да останат активни. Децата и тинејџерите треба да практикуваат најмалку 60 мин. физичка активност со умерен интензитет повеќето од деновите во неделата, по можност секој ден. Запомнете дека децата ги имитираат возрасните. Почнете да внесувате физичка активност во Вашата дневна рутина и охрабрете го Вашето дете да Ви се придружи.

Некои примери на умерена физичка активност вклучуваат:

  • брзо пешачење
  • скокање јаже
  • играње фудбал
  • возење ролерки
  • пливање
  • танцување

Редуцирање на времето поминато во седење. Покрај охрабрувањето на физичката активност, на децата треба да им се помогне да избегнуваат премногу седење. Иако одредено време поминато во седење поради читање или извршување домашни задачи е во ред, би требало на децата да им се ограничи времето потрошено на гледање телевизија, играње видео игри или сурфање по Интернет, на не повеќе од 2 часа дневно. Исто така, не се препорачува гледање телевизија децата на возраст од 2 години и помали. Наместо тоа, треба да ги охрабрите Вашите деца да изнајдат забавни активности кои ќе ги прават сами или заедно со членовите од семејството.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дека вашата севкупна исхрана придонесува за вашето ор...
6
Велигденска плетенка за празничната трпеза
Плетенката е значаен дел од празничната трпеза, подготвена е од млечно тесто, кое мора да биде цврсто за да правилно и л...
4
8 годишно девојче пее во hard core стил
Погледнете го видеото кое за само 3 дена оствари преку 10 милиони прегледи на Youtube!
4
Блог: До последен здив, ќе живеам ЗА ВАС!
Емотивно писмо на me_mother_of_three до нејзините деца
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?