|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Предности на младите мајки

Редакција Рингераја, 4.9.2014
Дали раѓањето на бебе кога мајката е млада има поголеми предности?

image
/11


 

Во последно време во развиените земји е присутен трендот  жените да раѓаат подоцна. Многу жени  се одлучуваат да почекаат до 30, пред да станат мајки. Тие сакаат да се надоградуваат професионално, да се едуцираат, да живеат повеќе години "слободни". Се разбира, во тоа нема ништо лошо, дури напротив - тој избор е придружуван од многу позитиви.

Предности, сепак можат да се најдат и во одлуката на жените да бидат млади мајки. Во млади мајки се вбројуваат жените кои раѓаат во почетокот или кон средината на 20-те години. Нивниот избор има голем број на предности, од кои дел се:

1. Нема да се загрижени за својот "биолошки часовник"

Многу жени кои го одложуваат забременувањето, се загрижени поради својот биолошки часовник. Ако една жена роди на 30 години, на пример, тоа не може да го одложи премногу долго, во случај дека сака да има второ дете. Ако пак една жена одлучи да роди на 24 години, таа спокојно може да почека до 30 години за второ дете.

2. Имаат повеќе енергија

Помладиот организам дефинитивно е во предност. 20-годишните мајки полесно можат да се справат со стресот од ненаспаност и одгледувањето на  дете, бидејќи нивното тело се справува полесно со овие проблеми.

3. Полесно се справуваат со хаосот на мајчинството

Појавата на бебе дефинитивно го менува животот на човекот засекогаш, а младите мајки полесно прифаќаат хаосот кој доаѓа заедно со мајчинството.

4. Имаат млади и активни родители

Ако бабите и дедовците се уште млади и во добра здравствена состојба, тие многу повеќе би помагале во одгледувањето на детето. Ваквата помош никако не е без значење, бидејќи жената има потреба од физичка поддршка при појавата на бебе.

5. Можат да го сменат текот на својата кариера

Но не и да ја уништат. Ако жената одлучи да роди дете откако ќе заврши со студиите, ќе има доволно време да размисли со што точно сака да се занимава потоа. Познато е дека дипломата не е гаранција за работа и дека многу луѓе работат нешто сосема различно од она што имаат завршено. Еднаш откако жената ќе роди помлада, ќе има шанса да се развива професионално во иднина, без да и 'се наметнува да прави паузи во екот на својата кариера.

6. Се враќаат во форма полесно и побрзо

Помладото тело има поцврст метаболизам и во повеќето случаи последиците од претходната бременост исчезнуваат побрзо.

7. Бременоста им е помалку ризична

Жените се најмногу плодни во 20-те години. Исто така, тогаш ризикот од спонтан абортус или бебе со вроден дефект е многу помал.

8. Имаат повеќе време за одлука за второ и трето дете

Кога жената ќе роди помлада, таа има слобода да избере дали нејзиното  дете ќе има братче / сестриче со поголема или помала разлика. Исто така може да одлучи да има и повеќе од две деца.

9. Имаат шанса да бидат поблиски со детето

Кога жената ќе роди помлада, разликата во годините со детето нема да биде толку голема. На овој начин се зголемува шансата мајката да биде блиска пријателка со нејзиното дете.

А сепак - нема совршено време за тоа кога треба да родите. Секој избор има свои позитивни и негативни страни. Најважно е вие да се чувствувате во хармонија со својата одлука и да умеете да уживате во секој миг од животот кој сте избрале да го живеете.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Болка во градите кај мали деца
Кога мало дете ќе се пожали на болка во градите, првата реакција на секој родител е страв – дали е нешто сериозно?
5
Тајните на совладување на техниката на читање
Читањето е една од најважните животни вештини. Со него децата го откриваат светот на знаењето, ја развиваат фантазијата ...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“: Тешки вр...
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водителе Зорица Црношија во недела на 31.03.2013 во 10.20 ...
4
Зошто одлучив да не бидам попустлива мајка?
Пред некој ден додека пазарев во еден трговски центар заедно со мојата ќеркичка, ми се приближи една средовечна госпоѓа ...
4




Анкета

Dali?
Jana9

Dali ja proslavivte godisninata od matura?

Da (33%)

Ne (67%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!