|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Позитивни афирмации за време на бременоста

Марина Кљајиќ Петковски, 12.5.2022
Афирмациите можат да помогнат да се подготви умот — а со тоа и телото — на неколку важни начини. Практиката на афирмација може да го ослободи стресот и анксиозноста, од кои и двете можат да ја поткопаат физичката благосостојба

image
/11


Одлуката за раѓање е голем чекор. Откако ќе одлучите да се обидете да забремените, имате тенденција да размислувате за физичката страна на зачнувањето и бременоста. Може да го следите вашиот менструален циклус, на пример. Веројатно ќе работите на здрави навики како што се добра исхрана и физички вежби. Но, малкумина размислуваат за подготовка за бременост преку ментална или духовна вежба.

Може ли афирмациите да ми помогнат да забременам?

Афирмациите можат да помогнат да се подготви умот — а со тоа и телото — на неколку важни начини. Практиката на афирмација може да го ослободи стресот и анксиозноста, од кои и двете можат да ја поткопаат физичката благосостојба.
Афирмациите може да го олеснат спиењето и јадењето, а се разбира, редовниот сон и добрата исхрана се важни за зачнувањето.
Афирмациите може да ви помогнат да имате бременост со низок стрес
Афирмации се изјавите што ги користите за да помогнете во смисла на позитивност во вашиот ум за одреден предмет. Ги користите овие кратки фрази и реченици за да му помогнете на вашиот ум да слушнат позитивна порака што сакате да ја запамтите.
Афирмациите се пример за користење на позитивно мислење за зголемување на веројатноста за позитивни резултати. Иако не постои гаранција дека афирмациите всушност ќе го променат исходот од вашата бременост , постојат студии кои укажуваат на тоа дека афирмациите можат да го намалат стресот и вознемиреноста.
Запишете ги своите афирмации.
Можете да напишете своја сопствена потврда, која ќе ја повторувате кога и да имате потреба. Запомнете, тие треба да бидат во сегашното време, и да изразуваат како веќе да се случува она што сакате да се случи. На пример, една жена која се обидуваше да забремени, ја користеше афирмацијата : "Јас сум добар родител на моето дете". Таа го изгивараше ова секое утро, дури и за време натретманите за неплодност. Таа изјави дека се сеќава како го визуелизира она што во најдобар случај се очекува од сите процедури и тестови, и во тие моменти се внесувала толку во визуализациите и чувстувала дека навистина се случуваат. Оваа практика многу и помогнала да не падне во очај. А кога забремени, афирмациите ги пренасочи кон позитивни мисли за бременоста. 
Ако одлучите да напишете свои афирмации, започнете со фрази како:
Јас сум...
Мојот ум е отворен за...
Моето тело е отворено...
Моето бебе е...
Мојот труд е...
Доењето е...
Знам...
Моето тело знае...
Пример за афирмации во бременост: 
Некои жени користат позитивни афирмации за да им помогнат да го надминат стресот и стравот во текот на бременоста и да станат свесни дека бременоста не е болест. Посебно застрашувачка е првата бременост, кога с? е ново и непознато а тука е и породувањето кое доаѓа. 
Со користење на позитивни афирмации, покрај што трудницата прави добро за себе и своето тело, исто така делува позитивно и врз своето неродено бебе.    
Афирмациите се навистина едноставни и лесни, и многу ефикасни.
Еве неколку примери:
Знам како да се грижам за себе во бременоста.
Моето тело знае како да се породи.
Моето бебе знае кога е подготвено за да се роди.
Раѓањето е безбедно за мене и моето бебе.
Моето бебе ќе се роди во совршено време.
Моето тело знае кога и како да се породи.
Јас сум добра мајка.
Моето бебе ќе ја најде совршената положба за раѓање.
Го сакам моето бебе.
Моето бебе ме сака.
Јас сум силна жена.
Контракциите помагаат да го донесам моето бебе.
Ќе донесам точни одлуки за моето бебе.
Моето бремено тело е убаво.
Моето бебе го чувствува мирот што го чувствувам.
Ја прифаќам помошта на другите.
Главата на моето бебе силно се вклопува во карлицата.
Го прифаќам мојот труд и раѓање.
Опкружен сум од оние што ме сакаат и почитуваат.
Му верувам на моето тело.
Знам како да се грижам за моето бебе.
Моето бебе ми ја чувствува љубовта.
Јас ќе направам многу мајчино млеко за моето бебе.

 

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Ким ќе ја изеде плацентата по породувањето?!
Бремената реалити ѕвезда Ким Кардашијан, следејќи ги стапките на нејзините колешки January Jones и Holly Madison, сака д...
4
5 корисни совети за трудници во лето
Поради високите температури и спарнини, летото за трудниците може да биде многу напорно и стресно. Секако треба да ги по...
3
Девет неверојатни месеци
Дали знаевте дека во третиот месец од бременоста рацете на бебето се подолги од неговите нозе? Дали сте знаеле дека во п...
3
За сите идни мајки! BabyTest Plus и Advanced
За сите идни мајки! BabyTest Plus и Advanced, најкомплетен неинвазивен пренатален тест, достапен единствено во Авицена Л...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: