|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Подаруваме, донираме со FaceDesign за месецот на жената

Face Design, 8.3.2022
„Пoдаруваме и донираме со FaceDesign“ - моќна кампања за жените од интернационалниот бренд за трајна шминка и медицински козметички третмани

image
/11


Интернационалниот бренд за трајна шминка и козметички третмани, FaceDesign, целиот месец март го посветува на жените! Сите оние кои сакаат да го закажат својот третман во FaceDesign, само овој месец, во знак на женското здравје и убавина, со секое закажување, ќе добијат уште еден третман како подарок.

Брендот не само што подарува, туку и донира. Овој месец, 10% од вкупните приходи ќе бидат донирани на жените борки од здружението „Една Може“ со цел да им се помогне на жените на кои навистина им е потребно. Освен тоа, единствено во овие простори, FaceDesign овозможува бесплатни третмани за реконструкција на ареола за жени кои се во постоперативна фаза во борбата со ракот и на кои им е потребна нивната помош.

Тие велат „Со заеднички сили можеме да бидеме убави и здрави.“, а оваа моќна порака е создадена преку видеото „Жената е..“. Во видеото се појавуваат Ана Даја Гри, модната дизајнерка и сопственичка на модното студио „Ана Даја Гри“, претседателката на „Една Може“, Дороти Пачкова, писателката и дизајнерката на накит, Марија Лозаноска и Мари Хендрик, сопственичка и артистка за трајна шминка во „FaceDedign“. Тие ќе ви ја раскажат #FaceDesign осмомартовска приказна создадена од жените за жените со многу љубов!

 

 -     Честит празник! Честит 8 Март! Бидете среќни, сакани, успешни! Вие сте прекрасни, а вашата енергија, страст и љубов е вашата најголема моќ и сила! Огромна благодарност до сите учеснички, прекрасни жени со кои соработувавме и секако, благодарност до Дарио Јанковиќ, General Studio за тоа што овозможи да ја прикажеме оваа порака до сите вас!

 

Ги повикуваме сите жени заеднички да бидеме убави и здрави. Со оваа акција сакавме да ги опфатиме сите жени, а со тоа да можеме да подариме и да донираме таму каде што е најпотребно.“ - изјави Мари Хендрик

 

 

Погледнете ги изјавите на следното видео и уживајте во оваа искрена и моќна кампања:

 

 

За подобро да го запознаете интернационалниот бренд за трајна шминка и медицински козметички третмани, FaceDesign кој за првпат се појави на македонскиот пазар, откриваме кратки инфомации кои се FaceDesign?

-     FaceDesign е интернационален бренд од Белгија кој постои седум години, од 2014 година, а се занимаваме со услуги во полето на трајната шминка и медицински козметички третмани речиси 15 години. Овој фамилијарен бренд е дел од семејната компанија каде во нашите студија за убавина се создава и негува убавината која трае. Главното лице на нашиот бренд е Marie Hendrick, ко-основач, permanent makeup артист (PMA), специјалист и професионалец во полето на постојаната шминка која повеќе од две децении се гради себеси во својата работа и успешно твори на странските пазари, Белгија, Швајцарија и Франција.

 

По долги години творење и работа, решивме да го основаме сопствениот бизнис и да ја започнеме FaceDesign приказната. Откако започнавме во работа во Белгија, продолживме со свои студија во Франција и Швајцарија, а пред неколку месеци започнавме и во Македонија. Ќе се запрашате зошто токму тука? Поради љубовта. Љубовта кон работата, љубовта кон уметноста, но и поради љубовта која создаде Македонско - Белгиско семејство кое со заеднички сили и труд, сега е столбот на овој бренд. - ни раскажа Самуел Александар, генерален директор во FaceDesign.

 

 

Во нивната палетна на услуги може да се одбере различна техника на трајна шминка на веѓи, очи, усни, а покрај овие третмани, имаат особено интересна понуда во полето на отстранување на влакна со IceLaserDiode машината, EMSculpt - единствениот процес кој може да овозможи стекнување на мускулна маса и губење на масна маса, без никаков напор, криолиполиза - топење на мастите со врвната KRUG Cryolipolysis технологија, микронидлинг - техника за

 

лифтинг на кожата, реконструкција на аерола - техника на реконструкција на ареола после операција на рак на дојка, за која како што споменавме, единствени на овој пазар ја прават бесплатно за сите жени кои се во постоперативна фаза и им е потребна нивната помош.

 

 

-     Сите заинтересирани околу бесплатната реконструкција на ареола, како и подароците за закажаните третмани за трајната шминка или било кои други услуги кои ги имаме во FaceDesign, ве очекуваме на 071 455 092 или во нашето студио на ул. Петар Поп Арсов бр. 23, Скопје, каде нашата permanent мејкап артистка Marie Hendrick ќе ви даде повеќе детали и совети. - изјавија од тимот.

 

Исто така, следете ги на социјалните мрежи фејбук и инстаграм за сите детали и новости кои следат од брендот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Контактирајте не
Сакате посебна понуда за огласување наменета за Вашата компанија, сакате да испратите текст за објавување до нашата Реда...
3
Маша, Медо и Доми на едукативна турнеја
Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца, од 18 април до 7 јуни ќе ги забавувуваат и едуцираа...
3
Рингераја - промотивно видео
Заедно, Ти, Јас ...тоа е приказната за нашето семејство - семеен портал www.ringeraja.mk
2
Медиумите за хуманитарната роденденска акција
Подолу може да видите дел од нашата архива, како медиумите информираа за хуманитарната роденденска акција органзирана на...
2




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?