namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Компанијата Кодинг е основана во 1987 година во секторот градежништво, а од 2004 започна со изградба на фабрика за вода и сокови.Во 2005 година, Кодинг започна со производство и дистрибуција на ГОРСКА вода. Како компанија која го има имплементирано квалитетното корпоративно управување, Кодинг е една од најуспешните компании во Македонија водена од едуциран и инвентивен кадар со јасна визија за иднината.
Горска вода е лидер на пазарот во сегментот на негазирана вода во Македонија,а брендот Гора е лидер во сегментот на негазирани сокови. Изворот Трнскот од кој таа се полни се наоѓа во една од најчистите еколошко незагадени средини на Балканот на 1100 метри надморска висина. Се работи за вода со идеално избалансиран олигоминерален состав неопходна за секојдневна употреба. Горска вода е особено погодна за деца, трудници, спортисти, рекреативци и постари луѓе, а природно избалансираниот однос на калциум и магнезиум многу близок на тој во човечкиoт организам, овозможува брза надокнада на телесната течност, особено во услови на дехидратација.
Производниот погон е лоциран во близина на изворите во селото Конопиште. Станува збор за ултра модерна опремена фабрика која има врвна технологија на полнење.
Целокупниот процес на полнење се одвива според ULTRA CLEAN технологија за производство, која ги задоволува највисоките светски стандарди за хигиенски здрав, безбеден и квалитетен производ.
ГОРСКА вода има најсовремена микробиолошка, физичко хемиска и биохемиска лабораторија каде континуирано се следи квалитетот на водата. Редовни контроли вршат Институтот за јавно здравје на Република Македонија како и водечкиот Европски СГС Институт ФРЕСЕНИУС од Германија.
Од појавувањето на пазарот, ГОРСКА стана препознатлив бренд во Македонија и неизоставен дел од продажниот асортиман на сите поголеми и помали маркети. За потребите на најмладите, во 2011 година КОДИНГ изврши редизајнирање на етикетата на пратечкиот бренд Горска Јуниор 0.33л. Горска Јуниор е единствената изворска вода во Македонија која подлежи на редовна контрола од страна на водечкиот европски институт ФРЕСЕНИУС .Со својот дизајн ова пакување е особено погодно за деца, мајки и бебиња.
За прв пат на македонскиот пазар познатиот македонски бренд Горска, ексклузивно за корисниците кои знаат што е најдобро за своето здравје, во 2011 година започна со продажба на вода со Л-карнитин, вода која во значителна мера ги топи масните наслаги,го забрзува метаболизам, зголемува физичката енергија, ја зголемува отпорноста на срцевиот мускул, поддржува здрав срцев мускул и отчукување на срцето. Најпознатите светски нутриционисти и фитнес тренери препорачуваат конзумирање на минимум еден литар вода со Л-карнитин во текот на спортските активности.
Л-карнитинот кој го содржи Горска Спорт е произведен од реномираната Швајцарска компанија за природни науки - Лонза.Со воведување на овој производ, Горска уште еднаш се потврдува како докажан бренд кој на своите потрошувачи им нуди врвен квалитет со цел да ги заводоли и најпребирливите.
Локација
Ул. Шарпланинска бр.4, 1000 Скопје
Награди/Сертификати | Superbrands |
Производи | ГОРСКА вода |
Контакт: +389 (0)2/820 1158, +389 (0)2/820 1159 Факс: +389 (0)2/203 2367
Е пошта: info@gorska.com.mk
Во наградната игра "Први меѓу еднаквите" доделуваат 30 пакети со 0.5л шишиња
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...
Миење заби.
Admin
Кога почнавте да им ги миете забите на вашите деца?