Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Ултразвукот е бучен како авион?
Распространето е мислењето дека ултрасонографскиот преглед е премногу бучен за бебето. За време на преглед со ултразвук внатре во стомакот при нормални услови владее апсолутна тишина. Фреквенцијата на звучните бранови е меѓу пет и десет мегахерци , што значи пет до десет милиони осцилации во секунда. Луѓето чувствуваат звуци едвај до 20 000 осцилации во секунда.
Откако се прават прегледи со ултразвук , се раѓаат повеќе левораки бебиња?
Обвинувањата за голем број заболувања и нарушувања кај бебињата паѓаат првенствено на прегледите со ултразвук. Едно од најпознатите најчудните тргнува од едно шведско истражување , според кое зголемениот број на левораки деца има врска со честите ултразвучни прегледи во бременоста. Се претпоставува дека ултразвукот влијае на одредени мозочни клетки и на тој начин помага во зголемувањето на левораките деца. Истовремено во истражувањето не се споменува дека денес не се прават напори да се " превоспитаат " левораките и тоа , природно , создава илузија дека нивниот број е зголемен ...
Бебињата бегаат од ултразвук?
Многу идни мајки изјавиле дека за време на прегледот со ултрасонографија бебето им станува особено немирно. Но експертите не веруваат на овие тврдења . Некои од лекарите дури сметаат дека бебињата спијат за време на преглед со видозон , а тие би сакале да ги предизвикаат кон повеќе активност . Според експертите моторниот однесување на неродените се влијае многу слабо од надворешни фактори. Многу повеќе би се зајакне раздвижување на бебето во утробата , ако на пример идната мајка искачува пеш скали .
Ултразвукот ја загрева амнионската течност?
За да се добие загревање , треба да се присутни неколку негативни фактори: високоенергетски звучни бранови, на пример користени при т.н. Доплер ултразвук ( метод за испитување на протокот на крв во телото на нероденото) , зголемена телесна температура на идната мајка и неискусен лекар кој при прегледот се задржува подолго време на истото место. Дури и во такви случаи опасностите за бебето може лесно да се контролираат.
Набљудувањето на бебето на екранот е целосно безбедно?
Ова тврдење , иако може да предизвика паника, не е вистинито. Од ултразвучниот апарат може да се зрачи огромна енергија што не е безбедно. Ултразвучни бранови може да ги осиромашуваат клетките, на пример да ги демолираат камења во бубрезите. Затоа е потребно посебно внимание при користењето на овој метод. Но енергијата што се ослободува при ултразвучните прегледи, е многу помала и само теоретски може да се смета дека таа е во состојба да му наштети на бебето.
Сепак експертите предупредуваат дека ултразвучните прегледи треба да се прават само при реална потреба и да не се претерува со нив - првенствено за емоционални средби на мама и тато со бебето преку екранот.
забава Бремените
Автор: bobik
Првите 40 дена со бебето: Разбивање на илузијата
Во македонската култура, па и пошироко, често ќе слушнете за „првите 4...
Перинаталната депресија е состојба која многу често се појавува кај же...
Кенгур нега: љубов, сигурност и здравје во еден допир
Во последните децении, концептот на „кенгур нега“ (kangaroo care) сe п...
Кога е време за перниче? Водич за родители
За многу родители, изборот на перниче за нивното дете изгледа како мал...
Патронажните сестри меѓу професионалното и човечкото
Патронажните сестри се тивки хероини на здравствениот систем. Жени кои...
Филмови за возрасни.
пеперутка16
Дали сакате да гледате „филмови за возрасни“?