vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Среда, 2-ри април, светскиот ден на аутизмот – овој посебен ден беше исполнет со значајни настани!
Претпладнето беше посветено на отворањето на дневниот центар за аутизам во Скопје, во рамките на центарот за социјални работи. Дечињата добија свое катче каде што можат во посебни услови да имаат креативни и едукативни активности. Пред самиот центар се нареди големата сложувалка заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Срѓан Керим и здружението Во мојот свет, а пред крајот бројни сини балони се пуштија симболично во воздухот.
Попладнето се префрливме во Скопје Сити Мол каде што здружението "Во мојот свет" организираше спектакуларен настан исполнет со многубројни активности. На настанот, кон пошироката јавност, се обрати високиот претставник на Европската унија Н.Е. Аиво Ораф кој апелираше да се прошири свеста за аутизмот како состојба и навремено да се делува. Меѓу гостите беше и г-ѓа Маја Иванова која секоја година дава значајна поддршка на настанот, а дечињата од посебните училишта Златен Сремец и Маја Овчарова, како и танцовите групи на Ребис настапија со забавни точки кои никого не оставија рамнодушен. Како посебно изненадување на настанот се промовираше официјалната химна на аутизмот во Македонија, изработена од браќата Тавитјан, а изведена од Ребека, Влатко Лозановски и Џафер.
Настанот заврши со доделување благодарници, местење на големата сложувалка заедно со ракометарите од Металург кои им поделија и маички на дечињата како и моторџиите од клубот Волци.
Чест ни е што Рингераја беше директно вклучена во овие прекрасни настани како поддржувач. Заедно ќе продолжиме да ја шириме свеста за аутизмот, да понудиме содржини и бројни активности, за младите родители во Македонија навремено да се информирани и едуцирани.
Погледнете ја галеријата со фотографии ТУКА
3
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Првите месеци и години од животот се период на неверојатен развој. ...
Кои масла се користат за подобрување на плодноста?
Кога паровите планираат бременост, често бараат природни начини за под...
Може ли храната да ја ублажи непријатноста во градите?
Чувствителните, болни или напнати гради се еден од најраните и најчест...
Што да јадете кога ви е постојано лошо во бременоста?
Мачнината е еден од најчестите симптоми во првиот триместар од бремено...
Најчести симптоми пред менструација
Неколку дена пред почетокот на менструацијата, многу жени забележуваат...
Циста.
пеперутка16
Дали имавте голема/големи цисти на јајниците за време на бременоста и што се случи со нив?