Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
,,Подобрувањето на состојбите во нашите здравствени установи треба да биде еден од приоритетите на сите компании. А за нас од особено значење се децата и затоа се трудиме што повеќе да го подобриме нивното секојдневие, а со тоа и да мотивираме и другите да помогнат“, изјави Сашка Неделкова, од Жито Лукс АД Скопје.
Велес, (15.03.2012г.) – Денеска во Општата болница во Велес свечено беше пуштено во употреба детското хируршко одделение комплетно реновирано со донација од Жито Лукс. Болнички мебел, болнички кревети, душеци, наткасни, инхалатор и други медицински помагала, како и клима уред, фрижидери, телевизор, микробранова печка и останати потребни елементи се дел од новата опрема која беше неопходна за болничкото хируршко детско одделение.
Донацијата е резултат од тримесечната хуманитарна акција на Жито Лукс АД Скопје спроведена од 15 септември до 15 декември во Велес каде од секој купен леб од Жито Лукс се одвојуваа 2 денари наменети за болничкиот фонд. Целта на донацијата беше подобрување на условите во одделението каде децата се на постоперативен третман.
На отворање на реновираното детско одделение беше присутен градоначалникот на Велес, Горан Петров, претставници на локалната власт и болничката управа. За директорот на болницата Д-р Ванчо Граматов, донацијата од Жито Лукс дојде во најпотребниот момент и е наменета за најосетливиот дел од болницата:
„Едно е да се подари, а друго е да се подучи како да се помогне, Жито Лукс ни покажа дека заедно можеме повеќе, ни овозможи и н? поттикна како самите да придонесеме за подобрување на условите каде не така ретко е сместено нашето богатство – децата. Затоа, денес имаме комплетно ново-опремено детско хируршко одделение кое го има сиот неопходен болнички инвентар. А покрај тоа, со оваа заедничка акција добивме солидарна хуманост, нешто што треба утре да го дадеме на некој друг“, изјави д-р Граматов.
„Подобрувањето на состојбите во нашите здравствени установи треба да биде еден од приоритетите на сите компании. А за нас од особено значење се децата и затоа се трудиме што повеќе да го подобриме нивното секојдневие, а со тоа и да мотивираме и другите да помогнат. Жито Лукс една ваква акција спроведе во болницата Св. Еразмо во Охрид, а сега и во Општата болница во Велес. Тука нашите активности нема да застанат, затоа што грижата за оние на кои им е најпотребна е повеќе од важна“, изјави Сашка Неделкова, од Жито Лукс АД Скопје.
Тромесечната успешна акција беше спроведена во соработка со Здружението родители за грижа за здраво поколение и со несебичната солидарност на граѓаните на Велес.
2
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Цуцлата: пријател или непријател на развојот?
Цуцлата е еден од најчестите предмети во секојдневието на новороденчињ...
Можеш да купиш се освен мир во душата
Во денешно време често го замислуваме богатството како врата кон сe: с...
Биди она што си, не она што се очекува
Има една работа што сите нe допира, тивко, а силно, а тоа е како да ос...
Чистиот дом не е само естетика
Домот е место каде одмараме, јадеме, спиеме и ги поминуваме најинтимни...
Депресијата и анксиозноста не живеат само во мислите
Во новото секојдневие, депресијата и анксиозноста не се само „ментални...