Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Во 75-80% од случаите останува непозната причината за хипертензијата (ХТА)-идиопатска, есенцијална ХТА. Во 20-25% од случаите, ХТА е последица на болест на бубрезите, или има ендокрино потекло-секундарна ХТА. Како и да е, секундарната ХТА е нешто потешка за третирање, рефрактерна на терапија. Есенцијалната малку подобро реагира на терапија.
Нема компромис со покачениот крвен притисок. Или Вие ќе го ставите под контрола со режим на живот и терапија, или тој ќе завладее со Вас. Тоа значи дека ако му попуштите и го оставите нелекуван, КП со текот на годините прогресивно ќе си се качува, ќе ја оптерети левата срцева комора, ќе го задебели срцевиот мускул, кој по повеќе пропуштени години ќе стане како една дилатирана ,,торба,, со мала моќ за контракција и мала моќ за испумпување на крвта. Во меѓувреме ХТА го забрзала процесот на таложење на масните наслаги по ѕидовите на крвните садови, кои прогресивно се стесниле, се импрегнирале со калциум и се стврднале, станале крути ,,цевчиња,, кои уште повеќе придонесуваат за покачување на КП.
Така, под дејство на зголемениот КП се случува и забрзан процес на атеротромбоза (кој е уште побрз ако пациентот е пушач). Компликациите од ХТА се~ инфаркт (на миокардот-најчесто), мозочен удар, екстремно ослабена срцева активност, намален вид (предизвикува промени на очното дно). Едноставно, го скратува животот за 10-20 години. Исто така една од компликациите е ослабена бубрежна функција-хронична бубрежна болест.
Доколку забележите дека имате вредности на крвниот притисок како горенаведените или повисоки, веднаш да се консултирате со својот матичен доктор. Тој ќе ви направи ЕКГ, лабораторија и ќе го следи Вашиот КП извесен период (од 1 седмица до 1 месец- зависно од случајот) и на крај ќе Ви одреди терапија. Никако не ја примајте терапијата на Вашиот сосед или роднина. Терапијата за висок КП е ИНДИВИДУАЛНА и се третира за секој пациент поединечни и лично. Имајте доверба во Вашиот доктор. Тој знае што е најдобро за Вас.
Една студија вели дека 20% од луѓето имаат КП=165/95 ммХГ, а 50% од луѓето на планетата имаат преку 140/90. Повеќе страдаат небелците, а жените ХТА прогресивно добиваат во менопаузата. Докажана е извесна генетска предиспонираност (наследност) на ХТА.
(Било какво прашање е добредојдено).
Со почит,
Др. Лидија
33
23
14
4
забава Бремените
Автор: bobik
Патот до бебе, вистинските стории
Секој пат до бременост е различен. За некои, тоа е брз и лесен процес,...
Кои права ги имате во породилната сала?
Породувањето е длабоко личен и значаен настан. Иако се одвива во медиц...
Како да ги изберете вистинските пелени за вашето бебе?
Од првите денови по раѓањето, пелените стануваат дел од секојдневниот ...
Лесни вежби за трудници. Движење без ризик
Трудничкиот период е време кога телото се менува, но тоа не значи дека...
Топол дом без големи сметки: најдобрите трикови
Зимата носи убави моменти, но и високи сметки за греење. Добрата вест ...