Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Обидувајќи се да воспоставите врска со бебето всушност си давате можност уште повеќе да уживате во бременоста и да се подготвите за улогата на мајка
Кога започнува создавањето на врската?
На почетокот на третото тромесечие од бременоста, бебето може да го распознае Вашиот глас и тогаш започнува да се гради врската меѓу мајката и бебето. како што расте и се развива бебето се повеќе Ве запознава што во 28. недела може да го разликува гласот на својата мајка од некои воодичаени звуци од секојдневниот живот.
Корист за бебето и мајката
Кога се одморате по напорниот ден Вие веќе остварувате врска со вашето бебе. Тоа се всушност првите моменти на заедничко опуштање, бидејќи додека Вие се одморате и бебето се опушта и ужива со Вас. Во таквите моменти срцевиот ритам се намалува, дишењето станува подлабоко се опуштаат мускулите, а крвта богата со кислород низ постелката стигнува до бебето. Во исто време се зголемува нивото на хормонот окситоцин, кој ни помага да се чувствуваме сакано и оптимистички кон раѓањето и мајчинството. Дури и само ако размислуваме за бебето, расте нивото на хормонот ендорфин, хормон кој не' прави среќни и задоволни. Освен тоа, создавањето на оваа врска пред раѓањето на бебето ќе помогне кон подобра врска по раѓањето на бебето.
Како да остварите врска со бебето додека е се уште во стомакот?
Еве неколку пријатни начини за почеток на Вашиот однос со бебето:
Давањето име на стомачето е еден од одличните начини да се поврзете со бебето во стомачето. Предложете им и на другите членови од семејството да го викаат Вашето стомаче со тоа име.
Ако сакате да пеете, или едноставно ќе посакате да му ја отпеете својата омилена песна на бебето во стомакот, слободно направете го тоа, бидејќи на овој начин се развива врската меѓу Вас. За време на бременоста е најдобро сите стравови да ги оставите настрана и да се препуштите на интуицијата и чувствата, кои најдобро ќе ја изградат Вашата врска со бебето.
Јогата за трудници може да Ви помогне да се чувствувате доволно силно и подготвено за породување, но е исто така одличен начин да остварите поврзаност со бебето. Јогата за трудници е осмислена да Ви помогне да сфатите дека на тепихот за јога сега вежбаат две битија, да сфатите како се чувствува Вашето тело и која е положбата на бебето во моментот.
Вашиот глас е звук кој најмногу му годи на бебето затоа почнете да му читате и зборувате што порано. Ова може да биде посебно интересно ако веќе имате деца или ако некои помало дете од семејството го замолите да му прочита некоја приказна на бебето од стомачето. На овој начин браќата и сестрите однапред ќе се поврзат со бебето и ментално ќе се подготват за доаѓањето на новиот член.
Бебето во стомакот може да почувствува допир, пред се кога ќе го допрете стомакот. Одвојте неколку минути во денот за да се зближите со бебето преку физички контакт. Ако не знаете од каде да почнете ставете ја дланката од десната рака на стомакот и полека галете го правејќи кружни движења во правец на стрелките на часовникот. После тоа со левата дланка правете полукружни движења на десната половина на стомакот. По тоа ќе стекнете чувство што му годи на Вашето бебе.
Секогаш кога ќе имате неколку слободни минути, затворете ги очите и обидете се да го замислите Вашето бебе. Замислете дека бебето Ве гледа право во очи и дека го препознава Вашето лице. Визуелизирајте го бебето и обидете се да го замислите првиот пат кога ќе го држите во раце.
18
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Кога радоста на другите боли. Твојот пат до бременост
Таа објава на социјалните мрежи. Уште еден позитивен тест. Уште една „...
Исхраната за време на бременоста не е диета, ниту „јадење за двајца“, ...
Кога хормоните и тежината соработуваат
Регулирањето на телесната тежина не е само прашање на калории и физичк...
Што да направиш ако постојано мислиш на бившиот?
Мислењето на бившиот партнер не значи дека си слаба, дека си заглавена...
Што да направите пред да планирате бебе?
Одлуката да планирате бебе е период кога е важно телото, умот и секојд...