|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Недостаток на Витамин Д во бременост

Редакција Рингераја, 28.10.2013
За време на бременоста, сериозниот недостаток на Витаминот Д може да биде причина за појава на конгенитален рахитис, фрактури на коските и подоцна да се развие кариес на млечните заби кај детето...

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Витаминот Д е еден од витамините кои се растворливи во масла, а кој најмногу го внесуваме преку консумирање  млеко или сокови, рибино масло и некои додатоци кои го содржат. Исто така, тој може во организмот да се произведе и ендогено во кожата преку изложување на сонце. Неговата активна форма во организмот е базична за да почне апсорпцијата на калциумот од цревата и да овозможи нормална минерализација на коските и забите.


За време на бременоста, сериозниот недостаток на Витаминот Д може да биде причина за појава на конгенитален рахитис, фрактури на коските и подоцна да се развие кариес на млечните заби кај детето.Сонцето е најголемиот пријател на Витаминот Д. Изложувањето на сонце (но не претерано) може да биде од голема корист во апсорпцијата на калциумот во телото. Како што се знае, калциумот е неопходен за да ги одржиме здрави нашите коски и заби. Не само што игра важна улога во зајакнувањето на нашиот имунолошки систем, тој е неопходен за превенција на сериозни заболувања како што се остеопорозата, хипертензија, карцином и автоимуни заболувања.

 Кај луѓето со посветла кожа Витаминот Д може да се активира после 15 минутно изложување на сонце. Но, кај луѓето со нешто потемна кожа се проценува дека во просек потребно е дупло повеќе време, отприлика 30 минути. Но, за време на зимскиот период и тоа е недоволно.

 

Витаминот Д и млечните заби

Недостатокот на Витаминот Д за време на бременоста може да предизвика појава на кариес кај млечните запчиња. Децата од мајки кои за време на бременоста имале доволно ниво на Витамин Д, на нивните млечни запчиња немаат никакво оштетување на забниот емајл, а спротивно на нив, мајките со недоволно ниво на Витамин Д имаат деца со кариозни запчиња уште во раното детство.

Се смета дека оштетувањето на забниот емајл не е поврзан со недостатокот на Витаминот Д кај мајките, но затоа појавата на кариес на млечните заби е поврзана со недостаток на истиот за време на бременоста. Оние деца кои имаат проблеми со оштетувањето на забниот емајл, најверојатно ќе имаат проблем со кариес на млечните заби уште од најмала возраст.
Затоа идни мајки, внимавајте на исхраната за време на бременоста. Редовно земајте ги мултивитаминските пренатални препарати во кои има Витамин Д. Не заборавајте да уживате во сонцето кое е изворот на живот!!!

 

д-р Кристина И. Стојаноска-Алоска

доктор по стоматологија

 

doktori.mk.logo

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

На што морате да внимавате во раната бреме...
Бремени сте, а вашиот плод на љубовта е на пат? Со тоа треба да обрнете внимание на четири важни работи во првото тримес...
4
Како се менува телото во првиот триместар?
Од невидливи хормонски бури до првите надворешни знаци, што навистина се случува во телото на жената во првите 12 недели...
3
Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
3
Опасности од абортусот
Кои се можните компликации по абортусот?
3




Анкета

Koga?
Jana9

Koga odite na odmor ponesuvate?

Samo osnovnite raboti (67%)

Se sto ke mi dojde do raka (33%)


Број на сите гласови: 3

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!