|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На што морате да внимавате во раната бременост?

Редакција Рингераја, 11.5.2022
Бремени сте, а вашиот плод на љубовта е на пат? Со тоа треба да обрнете внимание на четири важни работи во првото тримесечје со цел бременоста да биде во најдобар ред

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


Бројте хранливи состојки, а не калории

Поголемиот дел од жените се свесни која храна е препорачливо да ја избегнуваат во бременоста: свежо сирење, пршута, непастеризирани млечни производи итн. Но, акцентот честопати се става на храната која треба да ја консумирате. Одбегнувајте да јадете за двајца и внимавајте храната која ја јадете да биде хранлива, а не калорична.

“Дневно ви се потребни 300 калории повеќе од вообичаеното со цел да родите здраво и силно дете. Тоа значи дека дневниот внес на енергија треба да се распореди во помали дневни оброци”, советува нутриционистката Дарија Бендер. Првото тримесечје од бременоста треба да се темели на цели житарки, овошје, зеленчук и квалитетен извор на протеини и масти.


Договорете ултразвучен преглед

Во првите шест до девет недели, ултразвучниот преглед знае да биде несигурен.

“Ултразвучниот преглед најчесто се изведува до крајот на 12-та недела од бременоста, со што се одредува дали станува збор за уредна или патолошка бременост и може прецизно да се одреди траењето на истата и бројот на плодови”.

Вонматеричната бременост се јавува кога фетусот се развива надвор од матката, обично во јајцеводите. Таа може да биде опасна по животот на мајката и нема начин за спасување на фетусот. Најчести симптоми се болки во стомакот, крварење, гадење, повраќање итн.

Посебно силната болка во стомакот која жените знаат да ја опишат како убод од нож, во поголемиот дел од случаите е знак за пукнати јајцеводи и бара итна хируршка интервенција.

Доколку имате негативна крвна група (RH-), а бебето носи позитивна крвна група, тоа може да предизвика бројни компликации. Штом забремените, треба да направите едноставен тест со кој би ја одредиле вашата крвна група доколку сè уште не ја знаете. Доколку во текот на бременоста дојде до контакт на мајчината крв со крвта на бебето, може да дојде до имунолошки одговор на мајчиното тело. Со тоа може да дојде до уништување на бебешките црвени крвни станици кои предизвикуваат анемија.

Затоа секоја мајка со RH- негативен фактор, во рок од 72 часа по породувањето треба да прими инјекција која спречува создавање на антитела во крвотокот.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Жените кои раѓаат по 33-та година живеат п...
Жените кои раѓаат подоцна во текот на животот живеат подолго и како резултат на подоцнежната бременост кај нив е забележ...
4
Габични инфекции во бременост. Што е безбе...
Габичните инфекции се честа појава во бременоста, особено поради хормоналните промени кои ја менуваат вагиналната средин...
3
SPIRULINA PACIFICA – суперхрана за трудниц...
Spirulina Pacifica е извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини на Б комплексот, комплетни протеини, гам...
3
Како расте бебето од 14тата до 27мата недела?
Второто тромесечје од бременоста, кое ги опфаќа 14тата до 27мата гестациска недела, е период на интензивен раст и големи...
3




Анкета

koj poveke sakame svekorot ili svekrvata
Bogdancanka



svekorot (54%)

svekrvata (46%)


Број на сите гласови: 96

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!