vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Летото е она време во годината, во кое обично ги планираме своите патувања исполнети со авантури. Кога ни претстои да посетиме странска држава е добро не само да побараме информации за валута, климатски услови, хотели, атракции и т. н, но и за она што не е добро да правиме.
Еден занемарлив гест може да ви го уништи патувањето. Погледнете што е подобро да не правите кога патувате во странство.
Франција - не прашувајте и не зборувајте за пари.
Индија - не го допирајте на јавни места спротивниот пол, дури и тоа да е вашиот партнер.
Јапонија - не оставајте бакшиш.
Велика Британија - не го прашувајте вашиот соговорник колку му е месечната плата.
Германија - не поздравувајте и не упатувајте желби за роденден.
Сингапур - не се хранете во јавниот превоз. Исто така, не барајте да купите гуми за џвакање. Слободната продажба на гуми за џвакање е забранета од 1980 година. За џвакање гуми на улица ве чека парична казна.
Чиле - не се хранете со прсти.
Италија - Не нарачувајте капучино во ресторан.
Кина - не подарувајте чадор или часовник.
САД - не заборавајте да оставите бакшиш.
Мексико - не се навредувајте на шегите на локалните луѓе.
Филипини - не давајте пари на деца кои просат. Тоа е забрането со закон и давателот подлежи на парична казна. Мерката е наметната за да се намали злоупотребата на детскиот труд.
Франција и Италија - не давајте многу пари за брендирани производи. Во едни од најголемите градови и метрополи на модата во Италија и Франција може да си купите модна копија на вашата омилена марка за многу пристојна сума на пари.
Тајланд - не допирајте монах (ако сте жена). Ако го направите тоа, ќе мора да се подложите на ритуал за чистење од гревот.
Шпанија - не се шетајте по костим за капење низ шпанските улици, без разлика дали одите или се враќате од плажа. Паричната казна е голема.
Нигерија - Ако ви претстои егзотично патување во Нигерија, не носете со себе шише со вода. Ова се смета за шверц.
Африка, Азија и Блискиот Исток - не се хранете со левата рака. Во некои делови на Африка, Азија и Блискиот Исток е неприфатливо да се храниш со левата рака, бидејќи според локалните традиции со неа се служат во тоалетот.
3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Прв преглед по позитивен тест за бременост
Двете цртички на тестот носат огромна радост, но и многу прашања. Кога...
Ултразвук во бременоста, што треба да знае трудницата?
Од првата мала слика на екранот до деталниот преглед на развојот на бе...
Најдобри вежби за болки во грбот во бременоста
Болката во грбот е една од честите непријатности во бременоста. Како ш...
Затнат нос и тешко дишење навечер во бременоста
Кога легнувате, наместо да се опуштите, чувствувате дека носот ви се з...
Најтешки симптоми во првиот триместар
Првите недели од бременоста можат да бидат исполнети со возбуда, но и ...