vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
/11
Времето не може да се врати назад. Не може да се купи, не може да се позајми, не може да се стопира. И токму затоа е највредното нешто што го поседуваме.
Секој миг што го подаруваме некому е дел од нашиот живот што засекогаш го оставаме таму. И затоа е толку важно на кого му го даваме и на што го посветуваме.
Времето потрошено со вистинските луѓе е секогаш добро потрошено време
Разговори што лечат. Насмевки што остануваат во сеќавање. Моментите кога не се брзаме никаде, туку само сме. Тоа се мигови во кои срцето си вели: „Ова е живот.“
Но постои и една друга страна времето што го даваме таму каде што нè исцрпува, каде што нè нема, каде што сме само присутни, но не и живи. Со тек на време, учиме да ја препознаваме разликата.
Животот не бара да правиме големи чекори
Бара да бидеме присутни во малите моменти. Да се појавиме за оние што ги сакаме.
Но пред се да се појавиме за себе кога сме си потребни.
Затоа денес бидете благодарни за миговите што ги споделуваме со себе, со другите, со животот.
Афирмација за денес:
„Моето време е драгоцено. Го давам таму каде што има љубов, мир и смисла.“
Нека денес те потсети да го чуваш твоето време како нешто свето.
Да го даваш свесно и да живееш така што секој ден ќе остави убав траг во твоето срце.
Ваша Рингераја.
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како физичката активност влијае врз плодноста?
Редовното движење е важно за општото здравје, но дали може да ви помог...
Дали прекумерната тежина го отежнува забременувањето?
Доколку планирате бременост, можеби се прашувате дали телесната тежина...
Напитоци за порамен стомак. Што може да помогне?
Подуеноста и задржувањето течности понекогаш прават стомакот да изглед...
Навики на позитивните и смирените луѓе
Дали познавате луѓе кои и во стресни ситуации успеваат да останат приб...
Колку често треба да се бања бебето?
Бањањето е важен дел од негата на бебето, но не мора да биде секојднев...