vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Трговскиот Центар „Рамстор“ Ве кани заеднички да го организираме и одбележиме Светскиот ден на млекото – 1 Јуни во добро познатиот Клуб на Сезнајковци. Учество во натпреварот ќе земат поголем дел од градинките и основните училишта преку објава на интерен конкурс. Планираната бројка на градинки и училишта е околу 50.
1.ЦЕЛ НА НАСТАНОТ
Целта на овој натпревар е преку различни активности, игра и забава, да се промовираат и обноват знаењата околу придобивките од конзумирање на млекото, што е суштинска компонента за здрав начин на живот за целото семејство.
2.КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?
Сите деца на возраст од 03 до 14 години. Децата ќе бидат поделени во две групи: 03-09 години и од 09-14 години.
3.КАКО ЌЕ СЕ ПРИЈАВИ УЧЕСТВОТО?
Секое училиште или градинка треба да пополни пријава за учество во ТЦ Рамстор-Скопје на пултот за информации, во која задолжително ќе стојат следниве податоци:
За градинки
Име на градинка/училишта
Број на учесници на натпреварот
Телефонски контакт на одговорно лице
Е-маил адреса
За лица кои самоиницијативно ќе учествуваат
Име и презиме
Телефонски контакт на одговорно лице
Е-маил адреса
4.ВАЖНИ ДАТУМИ
Дата на почеток на натпреварот: 27.05.2013
Крајна дата за пријавување: 31.05.2013 до 18:00 часот
Почеток на главен настан: 01.06.2013 од 12:00 – 13:30 часот пријавување на учество и избор на најкреативен предмет. Од 13:30 до 16:30 натпреварување.
5.ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ
I – Избор на најкреативен предмет изработен од амбалажата на витаминско млеко со 10 витамини од БиМилк.
Темата на натпреварот е “Најкреативен предмет изработен од амбалажата на витаминското млеко со 10 видамини на БиМилк”. Изработените предмети ќе треба да се донесат на самиот настан и тоа е услов за да се учествува во натпреварот, а изборот за најкреативен предмет ќе биде направен од страна на стручно жири составено од претставник од Рамстор, претставник од Млекара АД Битола и ликовен педагог.
II – Активности кои се планирани да се случуваат на самиот ден
Натпреварот ќе се состои од 2 игри:
Прва игра: Погоди го витаминот
Ќе биде поставено млекото на кое ќе има дупчиња. Во еден сад ќе се наоѓаат топчиња во бои на кои ќе бидат залепени витамините, како и топчиња кои не припаѓаат на млекото. Детето ќе треба да го пронајде витаминот и да го вметне на вистинското место. Кое дете најбрзо ќе заврши е победник.
Втора игра
Најбрзо молзење
Во самиот клуб ќе биде поставена макета на крава со природни димензии. Самата макета ќе послужи како дел од играта, односно истата ќе се молзе (млекото ќе биде направено од вода измешана со органска бела боја). Децата ќе бидат пречекани од битолското чупе, кое ќе се дружи и забавува заедно со децата.
Она дете кое за најкратко време ќе успее да ја измолзе кравата, ќе биде победник.
Победникот од двете игри ќе добие награда од Млекара АД Битола а за оние помлаку успешните ќе има утешна награда.
III – Фејсбук фото натпревар - Цело семејство пие Битолско млеко!
Постирајте ваша "НАЈИНТЕРЕСНА" фотографија, како целото семејство пие Битолско млеко со 10 витамини на Фејсбук страната на Рамстор и учествувајте во натпреварот! Сите фанови на страната ќе може да гласаат за најинтересната фотографија. Оној кој ќе собере највеќе гласови добива награда, а наредните двајца утешни награди.
Кликнете тука за Фото натпревар на Фејсбук
Учествувајте и Вие!

3
3
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Недостаток на витамини во бременоста
Бременоста е период во кој потребите на организмот за одредени витамин...
Зголемување на телесната тежина во бременост
Зголемувањето на телесната тежина е природен дел од бременоста. Телото...
Грешки што жените ги прават пред бременост
Неколку навики и проверки пред зачнувањето можат да помогнат жената да...
Што е генетика и зошто е важна за здравјето?
Кога зборуваме за здравјето, често слушаме дека некоја состојба е насл...
Како физичката форма влијае на зачнувањето?
Кога се зборува за плодноста, често се мисли на хормоните, овулацијата...