|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Добротворна акција - донирај лаптоп

Марина Кљајиќ Петковски, 18.1.2021
Во едно вакво кризно време, покрај негативата која преовладува, една од светлите точки, кои неизмерно радува, е фактот што постојат хуманитарци, луѓе кои помислуваат на оние помалку среќните од нив

image
/11


На прагот на второто полугодие од учебната година, во екот на тековната пандемија, наставата продолжува да се одвива онлајн.

Некои од последиците на пандемијата се се поголемиот број на затворени бизниси, губење на работни места и пораст на бројот на социјално загрозени семејства, меѓу кои расте бројот на ученици кои немаат основни средства за следење на онлајн настава - уреди или интернет пристап.

Во едно вакво кризно време, покрај негативата која преовладува, една од светлите точки, кои неизмерно радува, е фактот што постојат хуманитарци, луѓе кои помислуваат на оние помалку среќните од нив.
Еден таков пример е младата семејна фирма, која прво нешто на што се посвети од моментот кога се појави на пазарот е добротворната акција за донирање на лаптопи за учениците од ранливите категории. 
Pantech Puretech е фирма, крстена од еден од сопствениците (Панче) со занимање: Сервис, (мобилни и компјутери) продажба на премиум гејминг компјутери, мобилна и компјутерска галантерија. "puretech" ни е симбол за продажба и премиум брзо сервисирање на смарт уреди.
„Со самиот старт на фирмата пред 3 месеци и веќе постоечката ковид ситуација (пандемија, економска криза), одлучивме да започнеме донаторска акција за децата чиишто родители не можат да си дозволат купување компјутер/телефон/таблет" - вели Панче Поп Глигоров, сопственик на Pantech Puretech.„Гевгелија како еден од погодените градови од ковид кризата со прилично голема невработеност ни беше мотивација да ја започнеме оваа донаторска акција во оваа "лудо" време.”- додава тој. 
Во акцијата се опфатија 19 лаптопи и компјутери и со употреба на сите функционални делови од нив, плус нарачка на нови компјутерски делови се оспособија 16 компјутери кои се дадени и во употреба на лица кои беа пријавени во Центарот за социјални работи Гевгелија.
Нивната добротворност не застанува тука. Неодамна, беа дел и од новогодишната донаторска акција, потикната од "инстаграм мајки". Целта беше низ цела Македонија да се поделат пакетчиња за социјални загрозени семејства и деца со посебни потреби. 
„Ние, Pantech заедно со "Хепи Тобако" и "Дар-Мар хоум" доделивме 36 пакетчиња во центар за деца со посебни потреби "Мајка Тереза" Гевгелија. Исто така, доделивме и 2 пакетчиња во акцијата за самохрани родители која беше организирана од страна на една самохрана мајка од Инстаграм. Успешно реализирана акција со многу радост и насмевки :)” - изјавува Панче. 
На прашањето колку се задоволни од сето тоа, тој вели - „Како за тримесечна стара фирма сме задоволни од нашиот резултат и сметаме дека успешно ја реализиравме оваа акција, но сметаме дека можеме да постигнеме уште поголема бројка доколку добиеме компјутери или лап топи со одреден дефект истиот ќе го сервисираме и донираме. Со самиот раст на фирмата ке ги зголемиме донациите, затоа што нема нешто по драгоцено од детска насмевка и од тоа да се даде на луѓе кои имаат реална потреба од компјутер/телефон/таблет за следење на онлајн настава." 
„Се надеваме дека ќе постигнеме ниво кога од стари компјутери ке можеме да си дозволиме нови неупотребувани лап топи/компјутери/телефони.” - за крај додава Панче.
Рингераја ја поздравува и поддржува оваа несебична акција и ве повикуваме и вам да се приклучите, доколку сте во можност.

Доколку имате стари уреди кои не ги користите, исконтактирајте го Панче и заедно со него бидете причина за насмевка на некое детско лице.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Добитници на награди - вторник
БРАВО за Рингераја.мк! Напред девојки!
3
Правила и услови за учество во наградната ...
Учествувајте во извлекувањето на наградите и освојте еден од трите пакети подароци кои содржат Др. Тајс Венен гел 100 мл...
3
Рингераја - приказна за нашето семејство!
Рингераја е повеќе од медиум, Рингераја е пријател, Рингераја е советник, Рингераја е рамо за плачење, Рингераја е помош...
2
Соработка со Рингераја
Отворени сме за соработка, доколку сте заинтересирани Ве повикуваме да не исконтактирате.
2




Анкета

Симптоми на породување.
пеперутка16

Кои беа вашите последни симптоми пред породувањето тој ден или ден или два пред тоа? Дали сте имале некакви симптоми?