|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

На кафе кај @hurricane_full_of_joy

Редакција Рингераја, 23.4.2021
Доколку сте во потрага по предлози за детска литература, ви предлагаме да станете дел од инста клубот на мали читатели. Истиот е создаден и под водство на Симона Ангелоска, мајката на три деца и креатор на инста блогот @hurricane_full_of_joy

image
/11


Еден од начините да се помине квалитетно време со децата е читањето. 

Така се создава блискост помеѓу родителот - читател и самото дете. 
Доколку сте во потрага по одлични предлози за детска литература, ви предлагаме да станете дел од инста клубот на мали читатели, кој неколку месеци беспрекорно функционира. Истиот е создаден и под водство на Симона Ангелоска, мајката на три деца и креатор на инста блогот @hurricane_full_of_joy. 
Профил кој со задоволство го следиме и кој нуди квалитетна содржина од  направи сам изработки, креативни активности, предлози за детски книги. 


Рингераја: Како успеваш да ги менаџираш  времето и обврските покрај три деца? 

Симона: Моите деца се на возраст од 10, 4 и 3 години. Организацијата на времето и обврските е секогаш предизвик. Но, пронаоѓањето на семејниот ритам и континуитетот на секојдневните ритуали во голема мера ми го олесни секојдневието. 

 

 

Рингераја: Колку време постои профилот? Која ти беше замислата за истиот, до која публика сакаше да допрeш? 

Симона: Профилот го отворив уште пред да се родат девојките. Ги споделував секојдневието и активностите со Филип без некоја посебна причина. Посериозно почнав да се занимавам со Инстаграм пред околу 2 години, кога сфатив дека можам да продонесам како поддршка и поттик на родителите свесно и практично да го користат времето кое го поминуваат со своите деца. Токму и тие се публиката до која сакам да допрам.


Рингераја: Секојдневно споделуваш прекрасни активности и diy изработки. Од каде инспирацијата? 


Симона: Најголема инспирација секако ми се децата. Будно го следам нивниот развој и нивните интереси и црпам идеи од нивното секојдневие. По природа сум многу креативна личност што секогаш бара начин таа креативност да ја рашири на се околу себе. 

Рингераја: Дел си од тимот на #dabidemekreativnipredizvik. Како се најде во истиот? 

Симона:  Идејата за #dabidemekreativnipredizvik се случи спонтано на почетокот на карантинот минатата година. Заедно со @plachkaigrachka_razvojni_igri, @diy_mom_diary, @oursensoryfamily и @my_baby_mio често разговаравме и размислувавме за тоа како да ги инспирираме и мотивираме родителите да направат нешто креативно со децата. Така се роди овој наш мал предизвик, кој доживеа огромен успех. Нашиот хаштаг денес брои над 2000 изработки, а импресивно е и тоа што, покрај редовните, секојдневно се приклучуваат и нови учесници. 



Рингераја: #ajdedacitame и #klubnamalichitateli се хаштазите по кои е препознатлив твојот профил, кој изобилува со препораки за детски книги, кои се дел од вашата домашна библиотека. Како придонесе за твоите деца да читаат? Како избираш кои книги да ги купиш? Кои книги им се омилени на децата? 


Симона: Главна мотивација да почнам да ги споделувам книгите што ги читаме е тоa што сакав да ги поттикнам и другите да го направат истото. Со оглед на тоа што светот се повеќе се дигитализира, важно е љубовта кон пишаниот збор и мирисот на книгите да го пренесеме на идните генерации. За таа цел го воведов и хаштагот #ајдедачитаме, каде ги повикувам сите да ги споделуваат своите препораки за детски книги и заедно да изградиме едно "книжевно општество".
Тоа што секогаш го велам кога станува збор за читањето е дека родителите треба да бидат пример за децата. Покрај тоа, секојдневното "опкружување" со книги е исто така трик кој најмногу помогна кај нас.
При купување на книгите секогаш се водам од интересите и возраста на моите деца. Внимавам исто така и на содржината и квалитетот на книгите и не се плашам да одвојам повеќе од моите финансии за добра книга. 
Кога станува збор за омилени книги, мислам дека моите деца се повеќе вљубени во самиот чин и ритуал на читање, отколку во некоја посебна книга. Филип е во фаза на истражување различни жанрови на детски книги, но се уште најмногу го привлекуваат биографиите. Константина избира книги во кои главниот лик е девојче како што се: "Исидора Мун", "Грозовилата и страшната шума", "Елизабетче и волкот", а Бисера ги обожава приказните на Беатрикс Потер. 

 


Рингераја: Предлог како читателите да ја развијат љубовта кон читањето кај децата.


Симона: Како што веќе кажав, најголем совет што можам да им го дадам на читателите е да им бидат пример на децата. Да гледаат кон читањето како можност квалитетно да го поминат времето со своите деца и да се поврзат, да ги опкружат со книги и да бидат трпеливи.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

И Вашето дете пцуе?
Може прилично да Ве шокира кога ќе чуете дека Вашето дете пцуе. Се прашувате каде и од кого слушнало такво нешто и дали ...
4
Нова епизода на „Кој кого расте“ на Телма ТВ
Телевизиска емисија наменета за родители „Кој кого расте“ чии водител е Зорица Црношија во недела на 21.04.2013 во 10.20...
4
Здрави навики за ладните зимски денови
Зима, период кога пред се имаме чести температури под нулата, а ние мораме да најдеме начин адекватно да се загрееме и д...
4
Послушни деца се одгледуваат со правилни з...
Психолозите велат дека само со правилен избор на зборовите можеме да имаме поголемо влијание врз децата и да ги воспитам...
4