vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Често се дебатира на социјалните мрежи, на тема: "Колку поддршка и помош е потребна од партнерот?" Различни луѓе- различни ставови.
Едни тврдат дека мажот како глава во куќата е задолжен само за финансиите и стабилноста во семејството, други се спротивставуваат на тоа, велејќи дека кога е домот во прашање, мажот треба еднакво да учествува во сите обврски како и чувањето на детето.
Но, ако ме прашате мене:
Сметам дека партнерот (мажот) како рамноправна единка во семејството треба (НАЈВАЖНО) да обезбеди внимание и присуство во домот. Џабе сите пари на овој свет, ако децата ми растат без татко, а јас без љубов.
Партнерот треба да помага, во домашните обврски, зошто колку побрзо ги завршиме обврските, толку повеќе време за нас и за децата.
Партнерот, треба да биде пријател, поддршка, љубов!
Да ти даде крила, да те издигне до небо, да те потсетува често колку си најважна, зошто чинам, ти му подари деца, му помогна да изгради семејство, дом, го љубеше неизмерно секој ден, го правиш среќен, сакан, важен! Го переше, хранеше, заспиваше и будеше. Го тешеше, лекуваше, прегрнуваше...
И затоа заслужуваш партнер кој знае да вреднува и љуби!
И ништо помалку од ова не прифаќам!
Мажот е важен, не велам не, но што би еден маж без неговата жена?
5
5
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Кај некои жени симптомите се појавуваат само неколку дена пред менстру...
Како може да се чувствувате по породувањето?
По раѓањето на бебето започнува нов период исполнет со радост, но и со...
Седењето, лазењето, фаќањето играчка, одењето и трчањето се само дел о...
Како лекарите ги пресметуваат неделите на бременост?
Неделите на бременост не се бројат од денот на оплодувањето. ...
Кога започнуваат симптомите на ПМС?
Промените во расположението, надуеноста, чувствителните гради и зголем...