Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Како всушност работи микробрановата?
Микробрановата печка не произведува класична топлина како обичната печка, туку внатре во неа се создава магнетно поле кое го произведува електронската цевка магнетрон. Тие микро бранови се насочуваат во храната и предизвикуваат триење на молекулите на вода присутна во храната и на тој начин создаваат топлина која загрева и термички ја обработува храната. Затоа храната која содржи повеќе вода се затоплува и печи многу побрзо од останатата храна. Микробрановата енергија се претвора во топлинска енергија откако храната ќе ја апсорбира., што значи дека храната не може да биде озрачена ниту на било кој начин уништена во микробрановата печка. Значи не постои никаква опасност ниту за личноста која ракува со микробрановата печка, бидејќи микро брановите не се шират надвор, а нивната емисија се прекинува штом ќе се отвори вратата.
Митови:
Мит 1:
Микробрановата печка ги уништува хранливите материи. Независно дали користите микробранова, грил или скара на соларна енергија, на губењето на хранливите материи влијае топлината и времето на готвење, а не методот на загревање. Што подолго се готви храната, толку повеќе се губат хранливите материи.
Мит 2:
Радијацијата од микробрановата создава опасни хемиски слоеви во храната. Радијацијата е збор кој предизвикува страв, но всушност означува енергија која патува во бранови. Во радијација спаѓаат микро бранови, радио бранови и бранови на енергија кои ги гледаме како светлина, како и опасните Х зраци и гама зраци, кои претставуваат ризик по здравјето. Освен тоа, промената со храната која се случува во микробрановата е резултат на влијанието на топлната, а не на самите микробранови.
Значи...
Подготовката на храна во микробранова печка може да биде поекономична од готвење и печење на класичен шпорет или во рерна затоа што производите се многу побрзо сварени и печени. Готвењето и печењето во микробранова печка не влијаат на нутритивната вредност на производите, ништо повеќе од класичниот начин на подготовка. Напротив, храната подготвена во микробранова дури може да содржи поголем број на витамини и минерали благодарејќи на тоа што се готви и печи побрзо.
Што може, а што не да се става во микробранова
При купувањето на керамички, стаклени, пластични, или силиконски садови проверете дали имаат ознака да се користат во микробранова печка. Пластични шишиња, влошки од стиропор и садови за еднократна употреба, не ставајте во микробранова печка, бидејќи тие материјали не се отпорни на високи температури. Можат да се деформираат и растопат и да ја загадат храната со штетни хемиски материи.
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Какви се хороскопските знаци на плажа?
Плажа, песок, море и…12 различни начини на уживање. Хороскопските знац...
Природен рецепт против кандида
Овој напиток има антифунгални, антисептички и алкални својства кои мож...
Што сонуваат бебињата? Тајните на најневините соништа
Во тишината на ноќта, додека светот тоне во длабок сон, малите бебиња ...
Една од првите дилеми кај многу жени кои се обидуваат да забременат ил...
Зголемен ризик од бубрежни камења во лето – еве зошто!
Кога мислиме на лето, обично ни паѓаат на ум одмор, сонце и разладувањ...
Гушкајте ги бебињата.
пеперутка16
Дали вашите бебиња (6-12 месеци) сакаат да бидат гушкани? Моето дури и не слуша, само ме турка, се качува на мене, влече,... дури и не сака да биде носена, само гледа да избега. Ми е тоа навистина чудно.. Какви се вашите?