Мајките од Инстаграм ни ги испратија своите размислувања за мајчинството
Тешко е кога ќе се добие дете. Понекогаш е толку тешко што мислиш дека нема да успееш. Секое бебе и дете се приказна за себе. Но,сепак колку и да имаш паметно и мирно дете често се случува да дојде до момент кога ќе помислиш дека нема да успееш да бидеш добра мајка. Но јас не би рекла така. Секоја мајка за своето дете е најдобрата мајка,а секое дете за својата мајка е најдоброто дете.
Инспирирана од секојдневните објави на мајките кои ги следам на Инстаграм, посакав да ги прашам едно прашање. Едно прашање,а многу различни одговори.
Прашањето гласи: Што според тебе значи мајчинството?
Мојот одговор:
-"Улога за цел живот,полна со многу радост,љубов и бескрајна вечна врска.Толку"
@mother.of.two.daughters (Елена,мајка на Лина 2 години и Калина 1 година)
Еве ги и одговорите од Инстаграм мајките:
-"Мајчинството е благослов, љубов,среќа,грижа,спокој.Мајчинството е кога некому засекогаш ќе му го подариш срцето"
@mama.of.princess.matea (Горде,мајка на Матеа 1 година)
-"Мајчинството за мене е најинтимните патување до себе и поврзување со семејството кое го креираме.Практично,ми се случи рефокусирање на гледиштата на светот, ништо веќе не е исто и нема исто значење, приоритетите се други а сатисфакцијата е тука и сега и само лична, на никој друг не му значи колку нас. Во почетокот го позајмуваме телото и времето и ставаме пауза на се друго што ни било важно. Се ускромнуваме и учиме да бидеме во втор план. И стануваме најсаканите и најпосакуваните личности на светот,за нашите малечки"
@domasolea (Леа, бремена и мајка на Зара 2 години)
-"Мајчинството е најдобро платената работа која што една жена може да ја има. Се работи 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена ви годината. Но, за возврат се добива: огромна доза на љубов, безброј бакнежи и прегратки, неизмерна среќа и радости, причина за насмевка и солзи радосници"
@my.rainbow.baby (Сара,мајка на Дамјан 1 година)
-"Мајчинството е кога едвај чекаш да заспие твоето дете за да се одмориш, а потоа го гледаш со саати твоето дете како спие и сфаќаш дека си најуморната но и најсреќната жена на светот"
@my_baby_mio (Биљана,мајка на Миодраг 1 година)
-"Според мене мајчинството е да сакаш некој повеќе од себе, иако цел ден, секој ден те нервира. Да бидеш несредена, а некому да си убава, да мислиш дека си уморна а сепак можеш и планина да поместиш за некој"
@mamamegi (Маргарита,мајка на Анамариа 3 годинии Георгина 2 години)
-"Мајчинството за мене значи пожртвуваност за детето кое сум го родила и ми значи се во животот. Тоа е најубавата улога која некогаш сум ја добила и ми се пружила шанса да бидам мајка, учител на моето дете"
@mamma_milaa (Радмила,мајка на Катја 1 година)
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Кога срцето забрзано чука...
Кај повеќето родители овој симптом предизвикува страв и итна посета на педијатар. Прво треба да се препознаат ситуациите...
4
Децата денес се поинтелегентни но по не кр...
Креативното размислување е важен дел од нашиот живот, потребно ни е во училиште, на работа и во слободните активности
3
Креативна игра на подароци - Mama`s
Нова игра на подароци на Рингераја.мк, во соработка со Mama's! Вклучете се и Вие во Креативното катче на Mama's и добијт...
3
Фото: Вака треба да изгледа детството!
Ние живееме на село, во многу стара куќа без непотребен конфор или телевизија. Нашиот двор со шума од бамбуси и природно...
3