namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Приказната за нашата драга Јања започна на 1.Јули 2010 година. Членовите на Рингераја уште од поодамна ја познаваат Јања, виртуелно како Агнес77, а некои ја познаваат и лично. Дружејќи се виртуелно, ја знаевме и нејзината животна приказна за посвојување на дете од Македонија. Сето ова познанство беше на база на разменување на чувства, мислења, совети и охрабрувања, од секојдневните наши и нејзини проблеми, преку форумите. Јања имавме можност и лично да ја запознаеме летото 2009 година на дружба во Градски парк, кога на сите присутни Рингерајчиња освен што им подари играчки, им подари и неизмерна љубов. Неизмерната хуманост и љубовта кон дечињата без родителска грижа, Јања ја покажа и со најголемата донација од сите донатори, за дечињата од домот „11. Октомври“, при реализација на акцијата „Заедно растеме со децата без родителска грижа“, во Март 2010 година.
Нејзините познавања на сите аспекти на посвојувањето и одгледувањето на посвоеното дете, несебично и постојано ги споделуваше во темите наменети за Посвојување на деца, на кои подоцна стана и модератор. Преку дружењето на форумите и желбата која ја водеше, Јања многу добро го научи македонскиот јазик. На среќата и немаше крај кога Јања во Мај 2010, објави дека таа и нејзиниот маж се избрани од центарот како најпримерни посвоители на две ромски близначиња. Од нејзината и наша неизмерна радост се роди темата Агнес ги очекува близнаците. Во Јуни 2010 на истата тема започна да се создава виртуелен список на сите корисници кои заедно со Јања ја чекаа одлуката на комисијата.
Бидејќи животната приказна на Јања стана речиси знак за препознавање на Рингераја.мк, решивме да ја преточиме во една убава, вистинска приказна. Така на 1. Јули 2010 година го објавивме интервјуто насловено: Интервју со Јања Батич алијас агнес77, кое набргу беше преведено и објавено во повеќе земји во регионов. За кратко време го доби приматот -најчитан текст на Рингераја, а и текст со најмногу “likes” од Рингераја корисниците на Facebook. Целиот регион (Македонија, Словенија, Италија, Србија, Босна, Хрватска и пошироко во Европа) секој момент го чекаше среќниот крај на приказната за Јања. Но, крајот на Јули 2010, корисниците од целиот регион беа шокирани, кога дознаа дека предметот на Јања е префрлен во друг центар и вратен на самиот почеток. Петицијата „Минута од вашето време за вечна љубов“ е само крик на цела Европа, која сака што поскоро да го прочита крајот на приказната. А крајот на оваа приказна ќе биде крај, само доколку е среќен...
Рингераја.мк припаѓа на групата на семејни интернет портали чиј сопственик е компанијата ДАНУ од Словенија. Освен Рингераја.мк ДАНУ управува и со портали со сродна содржина во следниве земји: Словенија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Со помош на заедницата се обидуваме да добиеме што е можно поголем слух за актуелните проблеми и да го зголемиме квалитетот на донесените закони и прописи, а исто така се обидуваме да ги информираме нашите корисници за правата и обврските кои законски им припаѓаат. ДАНУ поддржува и хуманитарни организации и проекти корисни за семејството. Установивме и Дану Филантропија – организација која активно работи и го развива хуманитарниот аспект на компанијата и заедницата. Моќната локална, а во случајот како на Јања, и регионална заедница поттикнува и поддржува организирање и реализација на акции, насочени за помош на одредени поединци или заедници. Дану Филантропија го користи интернетот како медиум и помага таму каде е потребна помош, притоа дејствувајќи брзо и ефикасно и опфаќајќи поголем дел од целната група. |
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...