|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како детето станува “мал тиранин”?

Редакција Рингераја, 13.8.2013
Детето може да биде насилно кон пожртвуваната мајка, бидејќи никогаш не се сретнало со нејзините граници – не знае што сака, а што не сака мајката, бидејќи таа никогаш не покажала авторитет кое детето може да го доживее

image
/11


 

 

За причините и последиците на претераната родителска попустливост  ни раскажува Душанка Косановиќ од Familylaba.

“Причините за попустливост можат да бидат различни, на пример идејата на родителите дека со поставување на јасни граници можат да го повредат детето, копирање на личниот родителски модел, недоволно енергија  да влегуваат во конфликти, страв да не бидат груби кон детето и слично. Попустливите родители се често такви бидејќи не сакаат да бидат строги како што биле нивните родители, бидејќи сакаат на децата да им дадат се што самите немале, или имаат романтични идеи за родителство во кои детето е над се, па со самото тоа и господар на семејството”, нагласува Душанка Косановиќ.

Значи, поставувањето на работите така што ќе кажете – во ред, јас сакам да бидам попустлив родител – е многу поинаков став од – јас сум попустлив родител и не можам тука ништо. Тоа е важно заради причината родителите да не ги обвинуваат децата  што се разгалени и што ништо не работат, по неколку години. Бидејќи возрасните имаат моќ во односот со децата, важно е да разберат дека самите избираат да бидат попустливи.

 

Детето секогаш соработува

Кога станува збор за влијанието на таквиот родителски стил на децата, психологот објаснува дека децата на попустливите родители често стануваат мали тирани.

“На пример, во денешно време често гледаме мајки кои работат три работи од утро до мрак и даваат се за своите деца не водејќи сметка за себе. Во домот таа мајка е сервис служба за потребите на децата и воопшто не ги познава своите граници и своите потреби.

Во таквите случаи децата можат да станат насилни кон мајката, бидејќи никогаш не почувствувале дека мајката има граници. Тоа значи дека не знаат што мајката сака, а што не сака, што одобрува а што не одобрува, бидејќи никогаш не изградила авторитет кој децата можат да го доживеат. Децата всушност не ја доживуваат како личност, туку како битие кое ги исполнува нивните желби и потреби”, истакнува психологот.

” Важно е од самиот почеток на заедничкиот живот да се биде свесен за себе, за своите потреби, граници и да се создаде слика за себе како родител. Исто така треба да се води сметка за потребите и границите на сите членови на семејството, а исто така и на децата.”

Авторитативен родител ја дава сигурноста која им треба на децата и претставува сјаен модел како да се води сметка за себе во контакт со другите, порачуваат од Familylaba.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Детето се уште не зборува. Што да правам?
Секој родител со нетрпение очекува неговото дете да ги изговори првите зборови и да се научи да именува што сака и што г...
4
Што да правите кога детето повраќа?
При повраќање организмот губи брзо многу течности и минерали. При обилно и постојано повраќање се стигнува брзо до дехид...
4
Големото срце на македонката Флора!
Статија која говори за хуманоста на една македонка, објавена на сајтот Najbolja mama na svetu. Флора навистина го заслуж...
4
Дали на децата треба да им велиме “Браво!”?
Било да се најдеме на детско игралиште, да посетиме детска градинка или училиште, или да појдеме на роденденска забава, ...
3




Анкета

sreca moja
sreca moja

koe e najubavko da mu go dadam na moeto since??????

stefan (26%)

nikola (25%)

dejan (5%)

daniel (9%)

luka (35%)


Број на сите гласови: 201

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!