|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Како да го разбереме тинејџерот? Мост наместо ѕид

Редакција Рингераја, 3.4.2026
Тинејџерските години се дел од животот на секој поединец и не се само фаза на бунт, туку период на интензивна промена во која младите се обидуваат да откријат кои се, каде припаѓаат и како да се снајдат во светот околу нив.

image
Фото:Canva/Периодот на тинејџерство носи многу промени – со правилен пристап, родителите можат да изградат доверба наместо дистанца.
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


За родителите и возрасните, ова може да изгледа како период на расправии и дилеми, како оддалечување, тврдоглавост или неразбирливо однесување. Но, вистината е дека зад тоа се крие потреба за разбирање и поддршка посебно од страна на родителите, а и сите блиски, како и создавање простор за раст.

 

Првиот чекор за разбирање на тинејџерот е слушањето. Но не само формално слушање, туку вистински. Тоа значи да се слуша без прекинување, без брз одговор посебно ако тој е критика и без совети. Кога тинејџерот ќе почувствува дека неговиот глас е важен, тој почнува повеќе да се отвора. Во спротивното, се затвора во себе, нема доверба во своите блиски и бара разбирање на друго место.

 

Вториот важен елемент е емпатијата. Иако проблемите на тинејџерите понекогаш на возрасните им изгледаат како мали или неважни, за нив тие се реални и интензивни. Првата љубов, притисокот од друштвото, несигурноста околу изгледот или успехот се емоции кои треба да се препознаат и признаат, а не да се минимизираат.

 

Неопходно е и поставување на граници. Тинејџерите имаат потреба од слобода, но и од јасни рамки кои им даваат сигурност до каде можат и им е дозволено. Клучот е во балансот, поставување правила кои се објаснети, логични и доследно применувани, наместо строги забрани без објаснување.

 

Комуникацијата треба да биде двонасочна. Наместо наредби, подобро функционира разговорот. Прашања од типот „Како се чувствуваш?“ или „Што мислиш за ова?“ отвораат простор за дијалог и покажуваат почит кон нивното мислење.

 

Исто така, важно е да се прифати дека тинејџерот не е мала верзија на возрасниот. Тој е личност во развој, со сопствени ставови, желби и дилеми. Поддршката не значи контрола, туку да знае дека има некого на кого може да се потпре кога ќе затреба.

 

Разбирањето на тинејџерот не е процес кој дава брз резултат. Тоа е однос што се гради со време, трпение и искреност. Кога мостот на комуникација е изграден, и најголемите разлики можат да се преминат.

 

Разбирајќи ги тинејџерите, всушност им помагаме да станат сигурни и стабилни возрасни личности, а тоа е целта на секој родител и општество.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Не давајте антибиотик без причина
Никогаш на своја рака не му давајте антибиотик на вашето дете! Секогаш консултирајте се со стручно медицинско лице, доне...
7
Уредување на соба каде престојува дете со ...
Просторијата каде престојува детето, било во домашни услови било во училиште, треба да е соодветно средена за во неа де...
7
Совети за среќен живот
Еве некои совети како да им помогнете на своите деца да живеат посреќно во денешниот свет, исполнет со брзање, напнатост...
6
Наместо совет на мајките дајте им рака!
Кога ќе имате бебе луѓето се полни со совети. Некои од нив се навистина добри и целосно корисни особено кога доаѓаат со ...
5




Анкета

Епидурална анестезија
Кона

Дали сте за епидурална анестезија?

Да (65%)

Не (35%)


Број на сите гласови: 142

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!