Jeca во 12:26
на тема RE: Работа од дома
Како дел од регионалната акција за хуманизација на породувањето „Слобода на раѓањето“ на 5-ти март, во 20.30ч, во кафулето Концепт 37 ќе биде поставена изложба од фотографии на Маја Аргакијева и вистински породилни приказни на наши жени со позитивно породилно искуство насловена како „Искра живот“.
Правото на родилката е, во суштина, право на убаво и достоинствено раѓање. Раѓање без притисоци, чукање на часовникот, без непотребни интервенции и брзања. Раѓање кое тече со свој ритам, со ритамот на мајката и на бебето, кое ја претставува убавината на создавање на новиот живот. Чин со кој новото човечко суштество пристигнува на овој свет. Чин со кој искрата живот се отелотворува.
„Слобода на раѓањето“ сака да говори и за оваа страна на раѓањето – за убавата, за важната, за силната страна. Затоа што тоа е целта кон која, преку сите болници и лекари и закони, сите ние се стремиме. Почитување и радост пред големината на создавањето. Пред големината на малата „искра“ која ја држиме во раце, после сите битки, грижи и среќи поминати во 9-те големи месеци.
„Слобода на раѓањето“ овој сензибилитет го препозна во работата на фотографката Маја Аргакијева, во нејзината умешност да го долови блесокот на секоја искра-детенце кое ќе застане пред нејзиниот објектив. Од друга страна, приказните на мајките кои своето породување го доживеале како убаво искуство кое дава сила се главниот мотив за целата акција, идејата водилка позади секое поставено прашање поврзано со раѓањето.
Комбинацијата на сликата на Маја и зборот на родилките, заедно говорат за раѓањето на животот.
Благодарност на Дормео, Кафулето Концепт 37 и печатниците Полиестердеј и Унистар за поддршката на настанот.
3
3
2
2
забава Бремените
Автор: bobik
Како да ја следите овулацијата во домашни услови?
Следењето на овулацијата дома може да им помогне на жените подобро да ...
Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. ...
Близнаците се едно од најинтересните чуда на природата. Тие настануваа...
Што е вонматерична (ектопична) бременост?
Вонматерична или ектопична бременост е состојба кога оплодената јајце ...
Што се Кегелови вежби и зошто се важни?
Кегеловите вежби се едноставни вежби кои ги зајакнуваат мускулите на к...