|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Храна која влијае на развојот на интелегенција

Редакција Рингераја, 12.5.2014
За раст и правилен развој на малото дете, нужна е здрава и урамнотежена исхрана. Но дали некогаш сте ја доведувале во врска храната која ја јаде вашето дете со неговата интелегенција?

image
/11


 

Како и колку ќе се развива мозокот на вашето бебе и колку тоа ќе напредува интелектуално, значително зависи од генетиката, но стручњаците предупредуваат дека никако не смее да се занемари влијанието на храната во целиот тој процес. Во текот на првите неколку месеци, мозокот  на бебето се развива најбрзо. Од ден на ден станува се посложен, поразвиен, а вашето бебе секој ден ве изненадува со некоја нова вештина, вртење на главата или насмевка. Токму заради тоа е многу важно како го храните. Давајќи му на бебето внимателно избрана храна, можеме да го подобриме неговиот коефициент на интелегенција, но и расположението, да го направиме емотивно постабилнои да го подобриме неговото помнење. Доколку ги внесува вистинските нутритиенти, ќе биде способно побрзо да мисли, ќе има подобра координација и концентрација.

 

Мајчино млеко – супер храна за мозокот на бебето

Едно ново истражување покажало дека бебињата кои се хранети исклучиво со мајчино млеко, во текот на најмалку три месеци, имаат за 30% дополнителен раст во клучните делови на мозокот, кои го контролираат јазикот, емоциите и разбирањето. Со помош на магнетна резонанца на мозокот стручњаците ги анализирале мозоците на вкупно 133 бебиња во исто време, во слични семејства, кои од првиот ден биле хранети со мајчино млеко, а резултатите ги споредиле  со резултати од магнетна резонанца на мозокот на бебиња, кои биле хранети со адаптирано млеко. Утврдиле дека доените бебиња имаат очигледна предност. Имено, кај нив е забележан најбрз раст на ткивата богати во нерви, кои ги поврзуваат различните делови на мозокот одговорни за учење. Колку се подолго бебињата доени, толку мозокот им е поразвиен, посебно деловите поврзани со движење и координација. Заради својот состав, мајчиното млеко е најдобра храна за новородечиња. Тоа содржи значителна количина на хранливи материи  кои им даваат енергија и материјал за размножување на клетките. Содржи голема количина на здрав холестерол и повеќекратно незаситени масни киселини  (омега-3, омега-6), материи неопходни за складен развој и созревање на нервниот систем. Ако од било која причина не сте во можност да доите, тука се млечните формули, кои се обликувани според примерот на мајчиното млеко и кои исто така содржат повеќекратно незаситени масни киселини  (омега-3, омега-6). Модерните млечни формули се најблиску до мајчиното млеко, отколку оние кои порано се произведувале и се разбира, далеку поквалитетни и поздрави од кравјото млеко.

 

1

 

Не го занемарувајте железото во исхраната на бебето

Железото е многу важно за бебето во периодот на брз раст и созревање на мозокот. Во првите две години, мозокот треба да се снабдува со материи кои се нужни за создавање на синапси (врски за пренс на импулсите помеѓу невроните). За мозокот да функционира што подобро, мора да добие железо, цинк и витамини и веќе споменатите незаситени масни киселини. за жал кај малите деца често е присутен недостатокот на железо, што влијае на намалување на хемоглобинот, пигмент кој е главен носител на кислород во црвените крвни зрнца. Ниското ниво на хемоглобин значи и слабокрвност, кој ја нарушува способноста на учење и го расипува расположението. Бебето се раѓа со одредена резерва на железо и мајчиното млеко му обезбедува одредена количина. Но, како што организмот на доенчето расте многу брзо и потрошувачката на железо е голема, залихте на тој минерал во организмот на бебето траат најмногу шест месеци. После тоа треба да се надоместат со конкретна храна. Добри извори на железо се зелениот листест зеленчук (посебно блитва, спанаќ, брокула, кељ и прокељ) и црвено месо (телешко и јагнешко), но и жолчка. Железото го има и во сувото овошје, интегралните житарици и во пилешкиот џигер. Нутриционистите препорачуваат да се зема и витамин Ц, за железото подобро да се апсорбира.

 

2

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Календар на исхрана од 4-12 месеци
Воведувањето на цврста храна кај доенчињата може да биде забавно, весело и интересно, но е предмет на сомнежи и двоумење...
4
Тато, од каде доаѓаат бебињата?
Таткото има интересно објаснување за прашањето на детето "Од каде доаѓаат бебињата?". Дали детето ќе му поверува и...
4
Бебешкиот фото албум на Принцот Вилијам
И Принцот Вилијам некогаш беше бебе. Погледнете го неговиот фамилијарен албум со фотографии од неговато најрано детство.
3
Како антибиотиците влијаат на здравјето на...
Дали некогаш сте се запрашале како давањето антибиотик на детето во најрана возраст може да влијае на него кога ќе порас...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?