|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Фер ли е да имам рак?

Lara2224, 26.10.2012
Дневникот на Lara2224

image
/11


 

 

11:34 Ах Ларичка... си велам додека чекам да дојде 12:00. Тогаш ми е терминот за кај докторката која треба да ми ги прочита резултатите од пап-от. А што ќе ми ги чита кога веќе ги знам? Си го познавам телото, си ги познавам гените и го познавам тонот на гласот кога ќе ми кажат "треба да поразговараме".

Да почнам од почеток...

Кога малото бебче беше само осум месеци старо, го направив првиот пап тест после породувањето. Пред тоа правев редовни тестови на 6 месеци кои секогаш беа беспрекорни. Овој пат уште една недела пред тестот знаев дека нешто не е во ред, но мислев дека е само поради тоа што ќе правам тест и нема ништо страшно. Се излажав - имаше... и тоа високоризичен ХПВ 73. Нема цин но вирусот е тука.

Од каде ли дојде? Сум била само со сопругот во последниве 5 години, а претходно имав само заштитен однос, со само еден човек 3 години. Од каде сега ова?

Тука е, тоа е тоа! Сега мора да се крева имунитетот... еден куп пари на таблети, цела рака таблети, секој ден, 5 месеци.  

 

11:42 Сеуште знам дека ништо не е во ред, а сепак се надевам. Се надевам дека овој пат пап-от ќе биде чист. Знам и дека цело потесно семејство ми изумре од ракови... Црн дроб, дебело црево, бели дробови... Мајка ми успешно се справува со рак на градата... Но јас имам само 26 години, само што ги наполнив... А медицинската сестра ми вика "Ќе треба да поразговарате со докторката за резултатите" - Фер ли е да имам рак? Со што ли заслужив? Знам дека нема да умрам, можеби и ќе можам и друго детенце да си родам, не сепак сум разочарана. На 26 години имам рак и сега ќе одам да ми го соопштат тоа...

 

Знам дека е така. Мислам дека ќе ви звучи чудно, но го чувствувам. Затоа сакам само што побрзо да отидам, да ми потврдат, за да можам да се исплачам, па да се приберам и да видам што понатаму. А понатаму.... Операција? ОК! Терапија? ОК! Што и да е, само да остане на тоа. 

 

11:49 Мислам дека повеќе ме убива чекањето отколку самата дијагноза. Овие пет месеци се чувствував навистина бедно. Не сакам веќе да се чувствувам вака. Сакам да се смирам, да знам дека се е во ред, или да почнам да се борам и пак на крај се ќе биде во ред.

 

11:53 А сега чао мои виртуелни другарки, јас отидов! И не се грижете за мене. Јас ќе ви пишам пак како успешно поминува секој ден после ова. Само ве молам немојте да ме жалите, кажете по некој виц и по некое позитивно искуство! Во иднина само позитивни приказни да си пишуваме... Веќе е време, јас отидов!

 

 

Ваша Lara2224

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Уртикарија кај децата
Црвени дамки, чешање и оток, појавата на осип кај детето може да изгледа алармантно. Уртикаријата, е честа појава кај де...
9
Интимна хигиена на девојчињата
За да се сведат инфекциите на минимум потребна е правилна и редовна интимна хигиена. Интимната хигиена не е ни малку без...
4
Девојчињата прерано на штикли
Многу од производителите на чевли во својата понуда денес имаат и штикли за деца. Лекарите предупредуваат дека носењето ...
3
Научете ги децата на добри манири
Добрите манири, или нивното отсуство е првото нешто што другите луѓе го забележуваат кај нас. Никој не сака да биде во д...
3




Анкета

Млеко.
Admin

По една година, кое млеко е поздраво да му се дава на дете: