namesp во 10:13
на тема Купить водительские права онлайн без экзамена Купите водительские права онлайн без экзамена в любой
Психолозите ја сметаат емпатијата за една од основните емоции кои го сочинуваат моралното расудување, односно вештина која е исклучително важна за здрав емоционален и морален развој. Блиско е поврзана со сочувството и моралното однесување. Поседува своја емоционална и рационална (интелектуална) компонента, бидејќи да се биде емпатичен значи да се чувствуваат чувствата на другите (болка, тага, радост, загриженост и др.), но и рационално (интелектуално) да се разберат истите.
За разлика од особините кои во голема мера се условени од генетскиот фактор (како што се интелигенцијата или физичкиот изглед), емпатијата не е нешто што може да созрее само од себе, туку претставува вештина која децата ја учат, која треба да се поттикнува и развива. Учењето на емпатијата е процес кој почнува во најрана возраст и кој се развива низ “тренирање на емоциите” и секојдневно давање примери на однесување полно со емпатија. Сепак, новите истражувања сугерираат можност дека децата во одредена мера се природно склони кон тоа да бидат емпатични и морални, па емпатијата не е во потполност придобивка на воспитувањето туку е “кодирана” во мозочните структури на здравото дете. Иако се чини дека некои деца природно ја развиваат емпатијата, на сите деца им треба помош во учењето на оваа сложена вештина, од нивната најрана возраст.
Емпатичните деца се успешни и задоволни во училиштето и во многуте животни ситуации. Заради искажаната емпатија имаат повеќе пријателски врски во кои се чувствуваат задоволно, бидејќи нивните пријателства се обострани. Децата кои не ја научиле емпатијата израснуваат во помалку чувствителни и молчаливи луѓе, кои имаат потешкотии во создавањето на квалитетни врски со другите, бидејќи не ја препознаваат и разбираат нивната емоционална состојба и не сочувствуваат со нив.
Развој на емпатијата
Претходниците на емпатијата можат да се забележат уште во првите денови од животот на детето. Новороденчето кое често плаче, може да ги поттикне на плач и другите новороденчиња кои со него ја делат истата соба. Сепак, тој плач не е вистински израз на емпатија, туку одговор на новороденчето на непријатни звуци.
Малите деца покажуваат знаци на однесување кои се граничат со емпатија. Кога двегодишното дете ќе ја види својата мајка како плаче, може да се случи да и ја понуди играчката, или бананата која ја јаде, односно ќе и даде нешто што него би го утешило кога би плачело. Сепак, прилично е нејасно дали детето на таа возраст ги разбира чувствата на мајката, или е само вознемирено од начинот на нејзиното однесување.
Истражувањата покажуваат дека децата постари од 18 месеци го разбираат она што родителите ги учат за емпатијата.
Отприлика, во својата 4. година детето почнува да ги поврзува своите со туѓите чувства. Доколку ја забележи својата мала пријателка дека, играјќи се, се сопнала и паднала, детето може спонтано да реагира на емпатичен начин, така што ќе и даде емоционална поддршка и утеха.
Во тек на училишната возраст, па се до периодот на адолесценција, емпатијата се развива во својата потполност и станува составен дел од стилот на однесување на младата личност. Секако, во тој период ќе се забележи и можната нечувствителност на детето, која укажува на неправилен развој на емпатијата.
Учење на емпатијата
Еден од најефикасните начини за учење на емпатијата е емпатичното однесување на родителите. Иако со учење на емпатијата е најдобро да се започне уште кога детето е доенче, никогаш не е предоцна за почеток. Доенчињата и децата кои штотуку проодиле, најмногу учат од начинот на кој родителите постапуваат со нив кога се вознемирени, исплашени или налутени. Иако понекогаш е многу тешко да се биде трпелив со мало дете, важно е да останете смирени во ситуации во кои детето се однесува лошо. Доколку детето направи нешто што не им се допаѓа на родителите, на детето не смеете да му викате, или да го тепате, бидејќи детето ќе сфати дека тоа е прифатен начин за управување со емоциите и дека е дозволено таквите работи да им се прават и на другите деца, а подоцна и на возрасните. Начинот на кој родителите ја изразуваат својата емпатија е далеку поважен од зборовите кои ги користат.
До претшколска возраст детето веќе може да почне да разговара за тоа и да разбира како се чувствуваат другите. Како би се чувствувал ти ако некој ти ја земе омилената играчка? Како би се чувствувал твојот пријател кога некој ќе му ја земе омилената играчка?
Родителските маки се често предизвикани од недостаток на емпатија кај децата кои се во адолесценција (12-13 години). Развојно гледано, детето мора да се сепарира од своето семејство за успешно да зачекори во адолесценцијата и да изгради свој идентитет, односно да изгради односи со луѓето во надворешниот свет. Во тој процес на сепарација децата многу често се ориентираат кон себе и стануваат себични. Чест пример за тоа е недостатокот на емпатија на постарото дете кон неговите браќа и сестри. Важно е да се знае дека фокусот на детето адолесцент е поместен кон други луѓе, вон семејството, и неговата потреба за омаловажување на членовите од семејството ќе исчезне кога детето ќе го оформи својот идентитет надвор.
Помагајќи му на детето да ја научи емпатијата, ги изразувате своите позитивни и негативни емоции и отворени сте за активно слушање и одговарање на прашања кои ќе им помогнат на децата да ги разјаснат своите мисли и чувства. На тој начин расте способноста на децата да се однесуваат во склад со своите емпатични чувства, така што ќе ги сослушаат другите, ќе им помогнат и ќе ја искажат својата великодушност.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Курсеви за возрасни од сите области: РУ Пере Тошев
Со мисија да овозможи описменување на целокупното возрасно население, ...
Сакајте го Вашето бремено тело
Вашиот стомак е непобитен доказ дека сте бремена. Еве што може да очек...
Како да негувате бебе родено во зима?
Надвор е ладно и царуваат вируси, а Вашето бебе само што не пристигнал...
10 луди работи што се случуваат во вашето бремено тело
Додека го поминувате својот вообичаен ден, сето ова се случува токму в...
Грижата за забите започнува уште од најрана возраст
Оралното здравје на децата е основен чекор за одржување на целокупното...