namesp во 10:12
Доењето и работата
Марија Цатиповиќ, 22.10.2010Мајката која дои треба да има и дневен и ноќен одмор. Корисно е мајката по доењето да одспие, а ноќе да спие во близина на детето, со што само на кратко би го прекинала спиењето. Добро е мајката неколку пати дневно да го дои бебето лежејќи, бидејќи и на тој начин се одмора. Постарите деца можат на мајката многу да и помогнат околу доењето, ако за тоа се подготвени.
Враќање на работа
Кај нас породилното отсуство е доволно долго за да и се овозможи на мајката подолго доење и подобра грижа за своето бебе. Но, дури и да одлучи мајката порано да се врати на работа, работата надвор од дома не мора да значи и прекинување на доењето. Работни обврски и доење, не е лесна работа, мора да признаеме, но сепак е возможна. Мајката во тој случај треба да го дои своето дете пред да тргне на работа и откако ќе се врати од работа. Во текот на работното време мајката треба неколку пати да се измолзе и да го зачува млекото во шишенце, бидејќи со тоа млеко детето ќе се храни утредента, додека е таа на работа. Поради тоа многу е важно мајката да знае се за измолзувањето и правилно потхранување на детето со тоа млеко.
Кога се измолзува млекото?
Освен претходно наведените причини, постојат уште неколку кога е неопходно измолзување на млекото. Потребно е и во првите денови по породувањето мајката да се измолзува поради празнење на градите и стимулација на производството на млеко. Ова посебно е потребно, доколку детето не е во иста просторија со мајката или доколку бебето не цица добро.
Измолзување е потребно и подоцна кога детето послабо цица или доколку се појави болка на брадавиците или маститис. Измолзување на мала количина млеко пред да го доите детето е корисно кај градите кои се преполни со млеко. Неопходно е мајката да се измолзува во секоја прилика доколку е подолго време одвоена од своето дете (болно дете кое е во болница, патување на мајката...)
Малите недоносени бебиња, честопати поради незрелост не можат да цицаат, но хранењето со измолзено мајчино млеко е од голема корист. Кога недоносеното бебе ќе порасне и ќе научи да цица од мајката, се продолжува со непосредно доење.
Како се измолзува млеко?
Како за доењето, така и за измолзување на млекото мајката мора да се чувствува удобно и смирено. Хигиенските услови треба да бидат на висок степен, за да млекото биде чисто и соодветно за потхранување и подоцна доење на детето. Доколку мајката и детето се раздвоени, таа мора да се измолзува онолку пати, колку што бебето би цицало. Ноќе мајката се измолзува само доколку е неопходно, бидејќи треба убаво да се одмори. Во случаи каде бебето сеуште добро не знае да цица, се измолзува само онаа дојка од која бебето цицало, а другата се чува за наредното доење. Измолзувањето можете да го правите рачно или со помош на пумпица.
Како се чува измолзеното млеко?
На собна температура млекото може да се чува само неколку часа, во обичен фрижидер од 24 до 48 часа. Ова е добар начин за потхранување на бебето за мајките кои работат и дојат. Во замрзнувач измолзеното млеко може да се чува и неколку месеци. Се собира во стерилни стаклени шишиња. Овој начин е добар доколку мајката планира подолго патување, болничко лекување или нешто слично.
Пред да му се даде на детето, измолзеното замрзнато млеко, се остава под топла вода до онаа температура на која тоа е навикнато да го пие. Измолзеното мајчино млеко не треба да се проврива, бидејќи на тој начин губи многу значајни состојки. Притоа уште еднаш важно е за измолзеното млеко да биде хигиенски собрано (чисти раце, чисти гради, чист прибор за измолзување, стерилни шишенца за потхранување). Во поново време е докажано дека мајчиното млеко содржи некои состојки кои не дозволуваат растење на бактерии во него.
Udruga Za zdravo i sretno djetinjstvo Bjelovar
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Одличноооо, таа спие сега конечно можам да се одморам!Чекај, дали се уште дише? Па, да, градите и се креваат.Сега да пре...

Да се ??има болно бебе е доволно тешко. Не ви е потребен дополнителен стрес при обидот да му дадете лекови на вашето беб...

Вашето дете треба да се вакцинира за да неговиот организам стекне имунитет на некои од тешките заразни болести. Вакцинат...

Не можат сите мајки да изгледаат како супер модели, повеќето од нив многу тешко се опоравуваат по породувањето. Најгол...
