Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Со години наназад, многу професионалци од областа на доењето забележуваат дека постои врска меѓу раното воведување на шишенце или цуцла лажалка и проблемите со доење. Исхраната со мајчино млеко преку мајчините гради секогаш има предност пред било кој друг вид на хранење. Освен тоа, често постојат алтернативи освен хранење со шишенце кои треба да се испробаат, како хранење со лажиче. Ако мајката избере употреба на шишенце во текот на првиот месец на бебето, некои тактики при хранењето можат да помогнат да се одржува доењето.
На пример, во повеќето случаи е најдобро да се избере шишенце со цуцла која има послаб проток и која е доволно долга за детето да може да ја вовлече доволно длабоко во усната шуплина, како што е тоа случај со мајчината брадавица. По мека цуцла е подобар избор од по тврда.
Некои стручњаци за доење препорачуваат бебето да се храни со шишенце во положба во која би се доело, за да се навикне на истата поза при хранење, а додека други препорачуваат бебето да се храни со шишенце во седечка положба. Кога ќе почне со хранење препорачливо е мајката да го понуди шишенцето исто како што би ја понудила дојката – со допирање на бебешката уста со брадавицата – се додека бебето не ја отвори широко устата. Тогаш треба на бебето да му се допушти само да ја повлече цуцлата, а не да му се стави цуцлата во уста. Би требало да се избегнува бебето да пие само од врвот на цуцлата, со стиснати усни. Колку е процесот на хранење со шишенце посличен на доењето толку и доењето полесно ќе се одржува.
Иако овие совети се корисни за сите бебиња кои се хранат со шишенце, посебно им се наменети на доенчињата со возраст меѓу 12 недели и шест месеци.
Бебињата треба да се хранат со шишенце:
Предности на ваквиот начин на хранење со шишенце
Доколку мајката не може да дои, или на детето му е потребна дополнителна количина на млеко, постојат неколку алтернативни начини на хранење. Покрај шишенцето на располагање Ви стојат и други можности како што се лажиче, капалка, шприц за хранење. Предвреме родените бебиња се хранат и со сонда додека сеуште не се способни да се хранат самостојно.
Начинот на исхрана кој ќе го изберете секогаш треба да биде:
Извори: lalecheleague и kellymom
3
3
3
3
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Не можеме да го вратиме затоа учиме да го цениме
Денес живееме со брзо темпо, деновите ни минуваат во трчање и завршува...
Тивкиот жител во желудникот што не се игнорира
Во нашиот желудник постои една од најнеобичните бактерии на светот Hel...
5 комуникациски грешки што ги правиме без да знаеме
Комуникацијата е основата на секоја врска. Не е важна само љубовта тук...
Меѓу стравот и храброста, таму растете вие
Сите имаме еден тивок сопатник кој сите го носиме со себе низ животот,...
За повеќето парови, замислата за бременост изгледа прилично едноставно...