|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Доење – благодет за мајката и бебето

Редакција Рингераја, 4.8.2014
Од 1. до 7. август е Светската недела на доењето во која се укажува на важноста на доењето, како за бебето така и за мајката

image
/11


 

Со оглед на тоа што во 70-те години на минатиот век Меѓународната заедница се соочи со фактот мајките се поретко да ги дојат своите деца, се остави прашањето за заштита на децата во најрана восзраст и зачувување на нивното право на најдобра, најздрава и најприродна исхрана – мајчиното млеко. Заради тоа Светското здружение за промоција на доењето ја прогласи првата недела во месец август, за Светска недела на доењето, токму заради информирање на јавноста за значењето на доењето.

Во продолжение се 10 чекори за успешно доење, за кои треба да се погрижи секоја установа која дава услуги на родилките и грижа за новороденчињата.

  1. Да има напишано правила за доење.
  2. Да се обучи персоналот со вештини потребни за примена на правилата.
  3. Да се информираат сите трудници за важноста на доењето и да им се дадат основни насоки.
  4. Да им се помогне на мајките да почнат да дојат по 2 часа по породувањето.
  5. Да им се покаже на мајките како се дои и како да се зачува млекото, дури и ако се одвоени од бебето.
  6. На новороденчето да не му се дава никаква храна или пијалок, туку само мајчино млеко, освен ако тоа не е медицински оправдано.
  7. Да им се овозможи на мајката и бебето да бидат заедно 24 часа.
  8. Да се поттикнуваат мајките да дојат според потребите на детето.
  9. Да не им се даваат цуцли лажалки на бебињата.
  10. Да се поттикнуваат лекарите  да основаат групи за доење и да се упатуваат мајките таму при излегувањето од болница.

Тоа се најважните чекори кои треба да ги исполни секое породилиште за да добие статус “Пријател на децата”.

Во продолжение се и 10 совети за полесно доење:

  1. Доете веднаш по породувањето. Колку порано, толку подобро.
  2. Мајка со искуство или група за поддршка на доењето можат да ви бидат од голема помош.
  3. Пијте доста течности.
  4. Не се откажувајте кога ќе ви биде тешко.
  5. Поставете си мали цели и решавајте ги чекор по чекор.
  6. Прифатете помош во домашните обврски од мајка, свекрва, пријателка...
  7. Првите 6 недели е најтешко. Потоа ќе биде полесно.
  8. Уживајте во моментите на доењето бидејќи брзо поминуваат.
  9. Не гледајте во часовникот. Гледајте во вашето дете.
  10. Опуштете се.

 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Првиот говор на телото
Бебињата можеби се мали, но доаѓаат на светот со цел „програмски пакет“ наречен вродени рефлекси.
4
Мајчините бакнежи го подобруваат имунитетот
Истражувачката група на чело со Др. Таг открила дека додека мајката го бакнува детето му испраќа одредени бактерии со ч...
3
7 намирници за одличен имунитет
Во секој период од годината треба да се трудите што повеќе здрави намирници да консумирате, намирници кои се богати со в...
3
Важноста на правилната грижа и љубов во де...
Интервју со г-ѓа Снежана Кливановска, педагог и косопственик на приватната градинка Литл Ми
3




Анкета

Капење бебе.
пеперутка16

Колку често капете бебе? (Не мислам на новороденче)