|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

ДЕТСКАТА СРЕЌА се создава само од лист хартија

Марина Кљајиќ Петковски, 28.1.2021
Инстаграм е место за креативно изразување на многумина а се почесто се сретнуваат креативни мајки. Еден таков профил е профилот на Елена Стојчевска - @elenagagic, една од организаторите на проектот "Да бидеме хумани"

image
/11


Влегувајќи на нејзиниот профил, ќе влезете во свет на домашно изработени детски активности, еко френдли и често пати изработени од рециклирани материјали.
Свет на една мама која живее во нејзиниот детски Јура свет, мама која одгледува дете водена од девизата " НЕ за технологија за деца"




Рингераја: Во денешната ера на технологија, да се воспитува дете заштитено од влијанието на истата, е навистина предизвик, но вие успешно успевате во тоа, судејќи по профилот изобилува со фотографии од изработките кои ги изработувате заедно со вашето 5 годишно синче.
Сигурна сум дека тоа е обострано уживање. Од каде црпите инспирација?

Елена: Пред се да се заблагодарам за започнувањето на ова интервју со темата , НЕ ЗА ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДЕЦА. Тоа беше навистина предизвик во нашето семејство, пред се за нас како родители, поради тоа што не за технологија за деца значи и не за технологија за родители во присуство на детето. Можам да се пофалам дека сеуште јас и мојот сопруг успеваме да го одржиме тој континуитет на ограничено гледање само едукативни содржини или цртани филмови за да биде во тек со трендот што го имаат неговите врсници. Додека за надвор од домот сме секогаш опремени со ранец игри и активности и никогаш не се појавила ни желба ни потреба од технологија.
Некако пополека профилот @elenagagic прерасна профил со детски активности иако повеќе беше наменет за креативна фотографија и дел од убавите работи во нашето секојдневие. Го сакам инстаграм зошто на него може да се гледаат убави работи па гледајќи дека взаемно се инспирираме решив почесто да ги споделувам забавните работи кои ги изработуваме по дома. Сите активности се изработени во друштво на син ми, сопругот го вклучуваме најчесто кога имаме технички проблеми. Мојата инспирација се потребите и желбите на мојот син. Не сум стручна на тоа поле, многу често знам да направам грешки во возраста и несоодветни активности меѓутоа и тоа како искуство е споделено во постовите. Правиме најчесто активности од еко материјали и реупотребуваме секаква празна амбалажа, активности по сликовници, учествуваме во предизвици, работилници кои ги има на други профили на инстаграм. Се обидувам да создавам уникатни активности по лична идеја, но и ги прифаќам веќе постоечките активности што ми се гледаат соодветни.


Рингераја: Автор сте на проектот " Врти од А до Ш". Како дојдовте до идеја за него? Колку траеше целиот процес од замисла до реализација на краен продукт?

Елена: „Врти од А до Ш” е проект кој за мене претставува потврда на мојата креативност во процесот на едукација на моето дете. На 3 годишна возраст на син ми забележав потешкотија во соединување на буква со збор па истражував материјали кои би биле најсоодветни за изучување на македонската кирилица низ игра и со што повеќе термини.
За жал во тој период немаше готов производ кој одговараше на нашите потреби па морав да го создадам. Најмногу време ми одзеде анализата и вметнувањето на соодветните термини за 3 годишна возраст, термини кои се поврзани со опкружувањето на детето, а воедно да има и различност за детето да научи нови зборови (се водев по некој критериум, животни, превозни средства, музички инструменти и сл.) за збогатување на речникот.
Производот беше наменет за син ми испечатен во домашни услови, но кога го постирав на социјалните мрежи доби огромна поддршка и на обострано задоволство за многу брзо се испечати и саемски се промовира како производ на специјализираната издавачка куќа за деца ЕДУКАМАК.

Врти од А до Ш има за цел да одговори на програмската потреба за развојот на писменоста кај децата од предучилишна возраст, во доменот препознавање пишани симболи и букви и учење на печатните букви во прво одделение низ игра, на едноставен, интерактивен и забавен начин. Истовремено ќе го поттикне детето да ја именува буквата, да поврзува глас со одредена буква, да го вежба изговорот на буквата и зборот – препознатлив поим кој е насликан на илустрацијата. Оваа игра ќе го негува и финиот моторен развој, воспоставување контрола на движењата на дланките и прстите, со помош на вртењето на кругот.

Рингераја:
Постои ли некаква приказна позади вашиот инстаграм профил, го создадовте со некоја намера, да испратите некаква порака?

Елена: Профилот е создаден за инспирација и поттик на родителите кои сакаат да работат и да се дружат со своите деца.
Со проектот Врти од А до Ш со ХУМАНИТАРНИТЕ ПРОЕКТИ во кои сум активна веќе две години и на крај со 2020 година кога се смени целосно нашето секојдневие и успеав преку мојот профил да соединам околу 50 родители со кои сме целосна поддршка и инспирација за активности, едукативни материјали, литература за деца и сл. Сфатив дека инстаграм е место каде што може постојано да се црпи позитивна енергија.
Единствена цел на мојот профил е да се обидам да создадам што повеќе детски насмевки.


Рингераја:
Честопати на story имате отворена покана за пријава на мајки во вашите групи.
Како настана таа идеја и што всушност претставуваат тие групи? Колку се заинтересирани мајките за учество? Дали секоја пријавена може да учествува или има некои критериуми?

Елена: Да тоа се КАРАНТИНСКИТЕ ГРУПИ името остана од деновите кога бевме затворени дома, кога за децата беше најтешко, кога започнавме да држиме дистанца од Светот, спонтано се консултиравме со мајки, едукатори, рехабилитатори и дојдов до идеја да ги соединам сите креативни личности кои се расположени взаемно да се инспирираат. Тие се групи на позитивна енергија, се создаде еден прекрасен креативен тим, отворен за да се приклучи секој кој сака без апсолутно никаков критериум.

Рингераја:
Мајка сте на петгодишник, сопруга, вработена жена , хуманитарка, креативна личност, водите групи со мајки.
Како успевате да постигнете се на сите полиња?
Елена: Ништо не може да биде совршено, се обидувам приоритетно да ги завршувам обврските, поминувањето време со семејството е за мене најважно, моите креативни проекти и групите се мое хоби и со малку помалку сон ги реализирам и нив. 

 
Рингераја: Дали можеби работите на некој нов проект?
Елена: Да, баш овој период се обидувам да создадам нешто ново.

Рингераја: Ваша порака до читателите

Елена: Мојата порака до сите родители кои во брзото секојдневие се чувствуваат со недостаток на време за активирање на своите деца е да го отворат инстаграмот и ќе забележат дека ДЕТСКАТА СРЕЌА И НАСМЕВКА СЕ СОЗДАВААТ САМО ОД ЕДЕН ЛИСТ ХАРТИЈА!

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Колку сте полоши со детето, полошо станува...
Рускиот психолог Јулија Гипенрејтер својот живот го посветила на проучување на односот помеѓу родителите и децата. Нејзи...
4
Објавена програмата на „После часови“!
Ако се уште не сте слушнале за „После часови“, драго ни е да бидеме први да ви пренесемеедна супер вест!
4
Игри за дискалкулија - проблеми со математика
Игри за усвојување на поимите парни и непарни броеви до 10, за дома и во училиште –Изработил - Мр. Логопед, Дипломи...
4
Избираме најубава творба: Ели Јошеска
Уметничка творба на тема Правата на детето по повод одбележувањето на Детската недела ни испрати учителката на Ели Јошес...
4




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?