|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Влијание на семејството во воспитувањето на децата

Мирјана Велева, 24.4.2013
Дете кое расте во нарушени односи кои траат подолго време може, во зависност од неговите карактерни особини, да стане агресивно, повлечено, премногучувствително, недружељубиво или непријателски расположено

image
/11


 

 

Многу често можеме да најдеме написи во весници, интернет портали и блогови во кои можеме да прочитаме за различни или слични размислувања за тоа како треба да се воспостават добри односи меѓу родителите и децата се со цел да се унапреди меѓусебната комуникација за доброто на децата. Секако давањето  приоритет на директната комуникација со детето е правилна и секако многу важна. Секој родител дава се од себе да му овозможи на своето дете се што му е потребно.

Но, според важноста, на исто скалило, за правилен ментален и психички развој на децата би го ставила  и квалитетот на меѓусебните односи во семејството.  Иако се мали, децата уште во најраната возраст ги препознаваат и чувствуваат недоразбирањата, затегнатите односи меѓу членовите во семејството па дури и во пошироката фамилија.  

Релациите на взаемни односи се одвиваат во повеќе насоки со сите членови во семејството. Од тие причини родителите поради големиот број обврски што ги имат некои моменти ги занемаруваат или пак неможат да ги согледаат. Ако подолго време односите меѓу било кои членови  од семејството се нарушени  може да се појават проблеми од кои ќе страдаат сите.

Дете кое расте во нарушени односи кои траат подолго време може, во зависност од неговите карактерни особини,  да стане агресивно, повлечено, премногу осетливо, недружељубиво или непријателски расположено.

Односите во семејството директно влијаат на формирањето на личноста на детето. Посебно ова е битно во раниот детски развој кога се ставаат темелите на неговите ставови и однесување. Вредностите и навиките кои ќе му бидат пренесени од родителите директно влијаат на неговиот емоционален развој.

 

Критичкото и навредливо однесување кон детето директно, но и на останатите членови меѓусебно може да доведе до тешки компликации во детскиот развој како што се стрес,  здравствени проблеми и заостанување во учењето и тешкотии во комуникацијата со неговите врсници.

За жал градењето на здрави и среќни семејни односи никогаш нема да се случи само од себе.  Родителите во текот на секој ден имаат многу обврски  кои се однесуваат на  заработка  средства со цел да им се обезбедат благосостојба на децата и целото семејство.

Потоа тука се и други обврски како што е пазарување, носење и земање од градинка, чистење, готвење и многу други работи. Така што времето за позитивни и забавни дружења во рамките на семејството е сведено на  минимум.

Но сепак на крајот, семејството е она што ни е највредно и тука се наоѓаат оние кои ни се најважни и најблиски. Децата мора да почуствуваат дека во домот се наоѓаат луѓе на кои можат да им ги доверат своите желби, тага, проблеми без да бидат исмеани, искарани или понижени. Тука се нивните пријатели.  

Затоа она што сакаме да го постигнеме , на своите деца да им го пренесеме најдоброто од нас за да израснат во  здрави и самостојни личности, ќе го постигнеме со трпеливост во воспитувањето, сочуство на сите членови на семејството, разговор за сите проблеми.

Најважно од се е и кога има недоразбирање помеѓу било кои членови од семејството тие да се решаваат со разговор, без навреди, без сарказам и омаловажување. Напротив разговорот односно одбраната на својот став да биде со почит,добра намера и пријателски. Децата  најмногу од се бараат љубов и почит.

 

Извор: http://www.childdevelopmentstory.com/

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
3
Каде грешите ако децата постојано ви се бо...
Не го фаќај тоа, какано е. Никако не земај работи што паднале на подот или на земја“. Сте се слушнале ли себеси како ги ...
3
Интервју со мајката на киднапираното девојче
Татјана Димитровска - мајка на која детето и е насилно одземено, а која според судот, законот и природата има апсолутно ...
3
Како да бидете родител кој секој го сака?
Нема шанси! Без оглед каков и да сте родител, нема да бидете добри за никого. Веднаш престанете да се обидувате да им уг...
3




Анкета

Ljubomora
miana

Dali ste ljubomorni po priroda?

Da,mnogu (12%)

Premnogu (1%)

Umereno (42%)

Malku (27%)

Ne voopsto (18%)


Број на сите гласови: 78

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!