flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
Некои луѓе сакаат да бидат во мултикултурно опкружување, додека други не се чувствуваат удобно во него. Тоа во главно зависи од зачестеноста на интеракција со различни луѓе, како и од нашите ставови кон разликите.
Зошто да ја поттикнеме толеранцијата кај нашите деца? За почеток, бидејќи сакаме децата да се чувствуваат опуштено во различните животни околности и да бидат отворени за учење за различните култури. Таквите сознанија носат нови идеи, искуства и енергија во животот на поединецот. Нашите деца можат да научат нови и корисни работи од другите култури. Ако тоа го сакаат толеранцијата ќе им ги отвори вратите за бизнис, образование, патувања, слободно време, избор на стил на живот, уметност и во други подрачја.
За нашите деца да имаат успешна иднина, мораат да работат со други луѓе. Не смеат да се плашат да чекорат надвор од зоната на удобност и сигурност, што значи дека треба да научат да ги разбираат, почитуваат и ценат другите.
Толеранцијата не значи да се прифати лошо однесување, туку да се прифатат другите луѓе и да се третираат на начин како што би сакале ние да бидеме третирани. Тоа е она што родителите треба да им го пренесат на своите деца.
Толеранцијата не значи да се жртвуваат сопствените ставови и верувања. Спротивно на тоа, толерантните луѓе гордо стојат зад своите верувања, додека ги почитуваат и ценат разликите кај другите.
Децата ќе го наследат нивото на толеранција од своите родители. Децата секогаш не набљудуваат и имитираат, дури и пред да проговорат. Тие се огледало на нашите вредности и ставови кон другите луѓе. Родителите кои покажуваат толеранција низ секојдневниот говор и дела ги учат своите деца да ја ценат различноста. На тој начин им даваме можност на децата да се дружат и да играат со другите.
Еве неколку совети за тоа како да ги научите децата на толеранција:
• Размислете за начинот на кој комуницирате и разговарате со другите луѓе. Дали е тоа одраз на толеранција? Покажете почитување кон другите луѓе и децата за брзо време ќе го апсолвираат тој модел.
• Децата слушаат и учат од Вас. Во училиште, децата често се делат на помали групи кои неретко се непријателски расположени едни кон други. Често се случува да се нарекуваат со погрдни имиња. Ако ги прашате зошто го прават тоа, ќе дознаете дека исто или слично слушнале дома. Значи, дури и ако зборувате опуштено со својот партнер, бидете свесни дека децата можат да Ве чујат. Обрнете внимание на речникот кој го користите, без оглед на тоа за кого или за што зборувате. Избегнувајте шеги на туѓа сметка или зборови кои понижуваат. Децата можат да го повторат она што го слушнале и тоа во помалку приватни ситуации.
• Одговорете на детските прашања за разликите искрено и со почитување. Секако е потребно да имате разговор со децата за разликите меѓу луѓето, но на начин кој ќе покаже почитување на се' што се разликува од она што детето го гледа дома.
• Изберете програми, филмови, приказни и игри кои ја истакнуваат вредноста на разликите. Медиумите се моќна алатка која има способност да ги обликува ставовите. Ако детето гледа програма или чита за нешто преку што се отсликуваат одредени општествени предрасуди, разговарајте со детето за тоа и објаснете му на кој начин тие предрасуди можат да ги повредат луѓето.
• Вреднувајте ги разликите во семејството. Прифатете ги квалитетите на секој член, без оглед на различните стилови на живот, интереси и способности. Децата кои чувствуваат дека се почитувани, повеќе ќе ги почитуваат другите.
• Поттикнете самопочит во Вашето семејство. Познато е дека луѓето кои не ги почитуваат другите ретко се чувствуваат среќни и сигурни во себе. Децата кои имаат почитување кон самите себе имаат тенденција да искажат почитување и кон другите.
• Вклучете ги децата во ситуации во кои е присутна разноликост. Тоа може да биде спорт, игротека, излет во природа...
• Заедно со Вашите деца учете за другите култури и традиции. Истражете ги обичаите на другите култури и различните стилови на живот. Разговарајте за тоа на афирмативен начин.
• Размислете за однесувањето кое сакате да го поттикнете кај детето. Потоа и сами прифатете таков модел на однесување, бидејќи децата скоро секогаш ќе тргнат по Вашите стапки.
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
flat.sale.bezanija во 09:55
на тема RE: Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 09:52
на тема Куповина стана са терасом baštom Београд тражим стан некретнине имање паркинг гаража двориште Србија
flat.sale.bezanija во 06:23
на тема Flat sale Bezanija Expo 2027 bitcoin btc crypto invest estate Belgrade Serbia office space
flat.sale.bezanija во 06:22
на тема flat sale Celebonovica Bezanija Beograd Expo 2027 invest estate property Serbia
забава Бремените
Автор: bobik
Водич по возрасти за лажењето кај децата
Сите деца понекогаш лажат и тоа е дел од растењето. ...
Штитната жлезда и женското здравје
Штитната жлезда можеби е мала по големина, сместена во предниот дел на...
Историја и потекло на јаболкото
Јаболкото, скромно, сочно и широко достапно има подлабока историја. Не...
Најдобрите намирници за подобрување на плодноста
Кога зборуваме за плодност, често прво помислуваме на хормони и медици...
Запушениот нос кај бебе може да изгледа како мала непријатност, но за ...
Независност.
Admin
Дали вашите деца се донекаде независни или сè уште ги храните и ги успивате? Мислам на деца од 2,5 години и нагоре.