Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
Царскиот рез подразбира оперативно завршување на бременоста за што е потребна индикација/медицинска причина. Со оглед на внатрешната ситуација разликуваме итен и планиран царски рез. Царскиот рез е сериозна операција и е поврзан со можни ризици и компликации. Најчести компликации на оперативниот зафат се инфекции, губење на крв, тешко зараснување на рани и зголемена интраоперативна и постоперативна опасност од тромбоза.
Закрепнувањето на родилката е потешко отколку по вагинално породување, а за потполно закрепнување потребни се неколку недели. Во болница обично се останува 5 дена. По операцијата проблемите егзистираат уште некое време, при кашлање и смеење, а можни се потешкотии и при седење и стоење.
Вагиналното породување е помалку ризично за родилката, а има и низа предности за новороденчето. Така вагинално родените деца имаат помал ризик од перзистентна белодробна хипертензија, астма, алергија на храна и други алергии, интолеранција на лактоза и дијабетес. Исто така, изгледа дека мајките побрзо се зближуваат со децата по вагиналното породување заради непрекинатиот контакт и чувството на блискост во процесот на породување. Исто така, успешноста на доењето е поголема кај децата родени по природен пат.
Планираниот царски рез ја оштетува цревната флора
Зошто вагинално родените деца имаат помала зачестеност на алергиски и метаболички болести, се уште не е до крај познато. За тоа говорат доста студии и научни трудови, објавени во последните неколку години. Големите национални студии во Шведска и Данска, наназад триесетина години установиле значајно честа појава на хронични воспалителни болести на цревата кај децата кои се родени со планиран царски рез.
Тие резултати ги поткрепува и неодамна објавеното американско истражување кое истакнува дека породувањето со царски рез по желба ја оштетува цревната флора на новороденчето. Истражувачите проучувале четири месеци старо новороденче и утврдиле значително намалување на нормалната цревна флора. Иако со текот на доењето утврдиле значително опоравување на цревната флора, тие предлагаат поинаква исхрана за новороденчињата родени со царски рез, заради намалување на нивниот имунолошки одговор.
Зафат, само кога е неопходно
Исто така, примената на кортикостероиди (dexamethason) кои денес рутински се применуваат скоро во сите гинеколошки одделенија, за да се спречи респираторен дистрес на новороденчето, според истражувањата на некои автори, не го намалуваат ризикот од алергиски и метаболички болести.
Заради тоа, треба да се нагласи уште еднаш, дека царскиот рез е сериозен оперативен зафат, поврзан со многубројни неповолни исходи, како за мајката, така и за детето, кој треба и мора да се изведе само кога е тоа неопходно.
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Поддршка од партнерот во бременоста
Бременоста е период на радост, но и на огромни промени физички, хормон...
Се расправате често? Не е крај туку почеток на промена
Кога расправиите стануваат чести, лесно е да помислите дека нешто е „с...
Љубовта што не се изговара, туку се чувствува
Понекогаш најдлабоката љубов не живее во зборовите, туку во малите гес...
Најчести инфекции кај деца. Кога е време за педијатар?
Детскиот имунитет се гради постепено. Токму затоа, во првите години од...
Кога ќе одлучите да не се откажувате, успевате
Успехот не доаѓа случајно. Тој не е резултат на среќа, туку на малите ...