Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Првпат во Македонија судот пресуди во корист на бремена жена која добила отказ откако на работодавецот му соопштила дека очекува дете.
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска информира дека Основниот суд - Скопје 2, на 3 март, донел пресуда со која утврдил дискриминација и нееднаков третман по основа на личен статус, семејна и брачна состојба, односно бременост со прекинување на работниот однос.
„Во конкретниот случај на тужителката, откако останала бремена, тужениот не го продолжил договорот за работа на определено време и донел решение за престанок на работниот однос. Судот утврдил дека тужениот имал однесување кај кое постои намера да се дискриминира тужителката поради бременоста“, информираат од МЗМП.
Според Судот, доколку тужителката не била бремена, работодавецот, како и претходно, ќе склучел со неа анекс-договор за вработување и таа сè уште ќе била во работен однос. Судот определил надомест на нематеријална штета.
Од Здружението на млади правници велат дека ваквата одлука на Судот е од особено значење бидејќи првпат во Македонија е утврдена дискриминација по основа на бременост. Оттаму велат дека во последната година биле пријавени поголем број случаи на бремени жени кои откако го известиле работодавецот за својата состојба, не им бил продолжен договорот склучен на определено работно време.
забава Бремените
Автор: bobik
Заздравување од ушна инфекција кај децата
Инфекциите на увото се една од најчестите здравствени состојби кај дец...
Водич за подготовка на домот по породување
Породувањето е еден од најубавите, но и најпредизвикувачки моменти во ...
Чисти површини, посигурен живот
Чистењето на домот не е само естетика. Тоа е инвестиција во здравјето,...
Што да јадете кога водата не ви е доволна?
Хидратацијата најчесто ја поврзуваме со пиење вода, но телото ја добив...
Сите имаме денови кога ништо не оди според планот, а најлесниот начин ...