|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Билјана Мартиновска: Моето породување со царски рез

Билјана Мартиновска, 8.4.2021
Искуство со царски рез, сподели Билјана Мартиновска, авторка и мајка на две ќерки

image
/11


За децата вреди секоја жртва и се што сме претрпеле за да ги држиме в раце тие малечки чуда-вреди! Првата ќерка ја родив на 22 години, по природен пат, а втората после тринаесет години, на 35 години. Бременоста ми се водеше како ризична најмногу заради годините. Заради ред случувања во минатото и поголем број операции кои ми беа извршени на нозете, докторката не ми препорачуваше природен пораѓај. Згора на тоа и мојот бебуш беше завртен бочно, па и во услови кога не би имала други проблеми, царскиот рез ќе беше неизбежен.

Операцијата помина одлично, се освестив уште кога ме вадеа од сала и се чувствував пресреќна кога си ја видов малечката сосема здрава и прекрасна.

Поминаа скоро 10 часа од операцијата. Ја доев малечката и кога ја ставив до мене да си спие, забележав дека не можам да се исправам. Не можев да земам воздух, чувствував како во градиве да имам блокада. Повикав сестра, таа повика доктор. Ми беа направени анализи и крвната слика покажуваше дека Д-димерите се „скокнати“ за 100 пати погоре од нормалната вредност. Болката во моите гради не поминуваше, па ноќта ме испратија за Скопје. Мислам дека ни самата не бев свесна што се случува. Моето бебенце остана во Струга, а јас морав да заминам за Скопје, не знаејќи колку долго. Искуството беше страшно.

Единствено нешто што сакам да им кажам на сите идни мајки е дека крвната слика е пресудна! Редовните контроли се важни. Јас цела бременост се плашев да немам анемија, затоа што цел живот се борам со неа. Анемијата е страшна, но исто така и високите параметри на крвта се важни. Секоја вредност е важна и треба да се внимава на се. За среќа, мојот проблем беше брзо решен. Примав Клексани секој ден, но и упорно ја доев мојата Дарија, заради нашето заедничко добро. Ништо подобро од тоа нема.

Сечие искуство е различно. Но, вреди да се издржи се затоа што ништо поскапоцено од нашите деца не постои. Тие се најголемото богатство кое го имаме и за нив се може и треба да издржиме.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Зошто добивам тежина толку брзо за време н...
Леле! На вагата можете да видите колку брзо ова бебе расте во вашиот стомак. Да ја разгледаме оваа често контроверзна те...
5
Колку породувања со царски рез може да имате?
Колку породувања со царски рез се уште е безбедно да се направат и колку треба да се чека за нова бременост после такво ...
5
Киретажа - значајна гинеколошка процедура
Киретажата претставува мала хируршка операција која се користи како за поставување на дијагноза од материјалот што се до...
4
Свекрва на породилно?!
Моментот на посакување добредојде на новиот член во вашата фамилија, малиот јунак или малата принцеза, е бесценет. За пр...
4




Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?